Се зборува многу за тоа како целосните еклипси може да влијаат на вашиот знак, но и делумните имаат иста моќ. На 15-ти февруари ќе има делумна соларна еклипса која ќе ја почувствуваат неколку знаци. Па, подгответе се за нови почетоци. Овие 6 знаци најмногу ќе го почувствуваат влијанието на еклипсата која на сите ќе им донесе позитивни промени.rnrn
rn
Овен
rnОва ви е можност да го пронајдете вашето вистинско место во некоја група или конечно да направите некоја соработка. Здружете ги силите со луѓе кои ја делат вашата визија, а потоа променете го општеството. Вие сте првиот знак во зодијакот, па лидерството ви доаѓа природно. Оваа делумна еклипса ќе ви ги даде можностите кои сте ги чекале.rn
Бик
rnЌе сфатите каде не сте вложувале доволно труд, и тоа не само во вашата кариера. Време да ја искористите вашата моќ и да преземете одговорност. Ако не го сфатите проблемот сериозно, ништо нема да се промени. Немојте да се потценувате, вие сте Бик. Уште веднаш почнете со работа.rn
Рак
rnПодготвени сте за работа? Одлично. Оваа еклипса ќе ви донесе одлична можност. Конечно ќе можете да ги здружите силите со добар соработник.rn
Лав
rnЌе сфатите што ви е потребно за да се чувствувате поддржани во врската. Како што се менувате, нормално е да се промени и вашата динамика. Погледнете внатре во вас и откријте што ви е потребно во една врска за да ја сметате за добра. Во врските секогаш се прават жртви, но важно е вие да бидете среќни.rn
Јарец
rnНапорната работа изгледа конечно ќе ви се исплати. Подгответе се за промена на работното место, како и за подобрување на финансиите и на вашите секојдневни навики. Можеби ќе добиете понуда за работа или пак ќе почнете да работите на проект кој ќе води до поголема можност во иднина. Ова може да биде одлично време за завршување на сите проекти од минатите месеци.rn
Водолија
rnПодгответе се да застанете во центарот. Оваа млада месечина е во вашиот знак, па вие ќе ја чувствувате најмногу. Ова е вашата Нова година. Не само што ќе ви се промени животот, туку ќе ви стане јасно и кои се вашите цели.rnrnОткријте и за кои знаци февруари ќе биде најдобриот месец од годинава.
