КАФЕ ПАУЗА

Посна трпеза за Бадник: 3 необични рецепти за подготовка на риба

На Бадниковата вечер, неизоставен дел од свечената трпеза е и рибата. За да ги изненадите и да ги задоволите членовите на вашето семејство, денес ви прикажуваме 3 нови рецепти за подготовка на шкарпина, лосос и ослич. Погледнете ги во продолжение и инспирирајте се за вашите подготовки за оваа вечер.rn

Рецепт за морски пајак со вино

rnПосна трпеза за Бадник: 3 необични рецепти за подготовка на рибаrn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 1 килограм морски пајак
  • rn011

  • Лимон
  • rn011

  • 100 милилитри маслиново масло
  • rn011

  • 200 милилитри бело вино
  • rn011

  • 500 милилитри вода
  • rn011

  • 3 чешниња лук
  • rn011

  • Сол по ваш вкус
  • rn011

  • Ловоров лист
  • rn011

  • Рузмарин
  • rn011

  • 1 килограм компири
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rn1. Исчистете ја рибата, измијте ја и врз неа исцедете лимонов сок, па оставете ја да отстои најмалку половина час, а потоа малку посолете.rnrn2. Во тавче или огноотпорен сад ставете малку масло и ставете ја подготвената риба и компирот исечен на поголеми парчиња. Печете во претходно загреана рерна на 220 степени.rnrn3. Подгответе го сосот: Во сад ставете маслиново масло, вино, вода, лук, ловоров лист и рузмарин. Сите варете ги, а кога рибата и компирот ќе бидат половина испечени, прелијте ги и оставете ги уште половина час во рерната на 220 степени.rn

Подготовка на лосос во сос со шафран

rnПосна трпеза за Бадник: 3 необични рецепти за подготовка на рибаrn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 4 филети лосос
  • rn011

  • 2 моркови
  • rn011

  • 2,5 децилитри немасна павлака за готвење
  • rn011

  • Малку шафран
  • rn011

  • Малку темјан или рузмарин
  • rn011

  • Сол и бибер
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rn1. Загрејте ја рерната на 220 степени, исчистете ги морковите и исечете ги на тенки тркалца.rnrn2. Во павлаката додајте шафран и темјан.rnrn3. Подмачкајте го садот, ставете ги морковите на филетите лосос, па потоа додајте им сол и бибер по ваш вкус, а врз сето ова прелијте со зачинетата павлака и ставете во рерна.rnrn4. Печете околу 15-тина минути. Најдобро е да сервирате со варен зеленчук по ваша желба.rn

Подготовка на сицилијански ослич

rnПосна трпеза за Бадник: 3 необични рецепти за подготовка на рибаrn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 1 килограм ослич
  • rn011

  • 1 глава кромид
  • rn011

  • Сол
  • rn011

  • Зачин од билки
  • rn011

  • Бибер
  • rn011

  • Масло
  • rn011

  • Бело вино
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rn1. Смрзнатата риба исчистете ја и исечете ја на парчиња.rnrn2. Испржете го кромидот на малку масло, па одозгора ставете ги парчињата риба, додајте сол, други зачини по ваша желба, масло и околу 200 милилитри вино.rnrn3. Печете на 200 степени околу 40 минути.rnrnУживајте во вечерата со вашите најблиски!