Врската помеѓу тетката и внуката е навистина посебна. Нејзиното раѓање е момент кој носи многу големи промени во животот – одеднаш вие имате личност која прво кај вас ќе доаѓа за совети, утеха, споделување среќна вест… Овој однос е сосема различен од родителскиот, и е комбинација од роднинска поврзаност и пријателство што го обогатува животот. Па, дали и вие имате посебна врска со вашата внука?rnrn
rn
1. Ви се доверува кога ѝ е тешко
rnДецата, особено кога се поголеми, се плашат да разговараат со родителите за одредени нешта. Еден од доказите дека имате одлична врска со вашата внука е ако таа ви се доверува вам наместо на родителите затоа што знае дека вие сте личноста што ќе ѝ помогне.rn
2. Од вас бара совети
rnАко таа постојано ве бара за совети и насоки тогаш без сомнение имате изградено одличен однос. Таа бескрајно ви верува и знае дека ѝ го чувате грбот дури и во најтешките ситуации.rn
3. Ги усвојува вашите животни вредности
rnУлогата на тетката е да ја научи својата внука на добри животни вредности. Кога родителите се во гужва, тетките се тука да ја спасат ситуацијата. Ако сте забележале дека вашата внука гордо ги дели животните лекции што сте ѝ ги пренеле тогаш вие сте навистина многу блиски.rn
4. Знаете како да ја насмеете
rnСите ние се опкружуваме со луѓе што нè смеат. Смислата за хумор е квалитет што го бараме од пријателите, партнерот… Па, ако вие сте тетката што знае како да измами насмевка на лицето на својата внука, тогаш без сомнение сте го изградиле совршениот однос.rn
5. Ви прави посебни подароци
rnАко под магнетите на вашиот фрижидер се наоѓаат нејзините уметнички дела или насекаде низ домот имате нејзини рачно изработени дела, тоа значи дека таа постојано мисли на вас и сака да ви каже дека е навистина среќна што ве има во животот.rnrnПрочитајте ги и овие 10 знаци дека вие сте им омилената тетка на вашите внуци.