Што точно се случува во овој град и зошто никој не може да си замине?
rn
Главни улоги: Мет Дилан, Карла Гуџино, Тоби Џоунс,rnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnКреатор: Чед ХоџrnrnПремиера: 14 мај 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОваа одлична мини ТВ серија е една од оние кои едноставно мора да ги гледате за да сфатите за што точно станува збор. Таа изобилува со мистерија и тајни, па токму затоа уште од првата епизода веднаш ќе се навлечете на приказната. Дејствијата се одвиваат прилично брзо, па во ниту еден момент нема да ви биде здодевно, но мора будно да ги следите доколку сакате да ги забележите сите детали кои водат кон поголемата слика.rnrn
rnrnТајната служба го истражува исчезнувањето на двајца агенти и голем број докази укажуваат на фактот дека градот Вејвард Пајнс може да има нешто со нивното исчезнување. Токму затоа, со цел да откријат дали овие траги се вистинити или не, агентот Бурк, заедно со неговиот партнер, агентот Сталингс, тргнале кон овој град. Но, на пат кон градот, тие доживуваат голема сообраќајка и Бурк се буди во Вејвард Пајнс, зашеметен и малку збунет од ударот во неговата глава.rnrn
rnrnКако што тој станува посвесен за нештата кои се случуваат околу него, така и почнува да сфаќа дека нешто воопшто не е во ред со овој град. Сите се однесуваат чудно, како да немаат избор во тоа што го прават. Тој ќе се обиде да контактира со надворешниот свет, но бидејќи нема да може да добие никој од својата агенција, ниту пак својата жена, плашејќи се за својот живот ќе се обиде да го напушти градот. Но, многу брзо ќе сфати дека тоа можеби и нема да биде толку лесно како што на прв поглед му изгледаше…
