Храната и лековите кои се за вас безопасни, за вашето куче или мачка можат да бидат многу опасни. Сигурно веќе знаете дека не треба да ги пуштате во близина на хемикалии и средства за чистење, но потенцијалните опасности во домот се многу посериозни…rnrn
rn
1. Лук, кромид или праз
rnТие можеби се здрави за човекот, но за животните имаат многу штетно влијание на црвените крвни зрнца. Тие можат да предизвикаат анемија или оштетувања на бубрезите, кои се забележуваат преку слабоста и надразнетиот желудник. Важно е да знаете дека тие се опасни и во сиров, но и во зготвен облик. Како прав не, бидејќи такви често и се наоѓаат во храната за животни.rn
2. Чоколадо
rnКучињата обожаваат чоколадо, исто како и луѓето, па токму затоа понекогаш сопствениците си дозволуваат да им дадат неколку залчиња. Па, доколку не сакате да му го одземете ова задоволство на вашето милениче, внимавајте какво чоколадо му давате. Најопасни за нив се темното чоколадо и чоколадото за готвење. Најголемата опасност доаѓа од какаото, кое е особено опасно за малите раси.rn
3. Гума за џвакање без шеќер
rnМачките и кучињата не можат да го обработат вештачкиот засладувач кој се наоѓа во гумите за џвакање и токму тоа влијае на нивото на гликоза во нивниот крвоток и може да предизвика нагло опаѓање на шеќерот во крвта. Во најлош случај тоа може да предизвика смрт, а другите последици се напади и оштетувања на црниот дроб.rn
4. Семки
rnСемките од сливи, кајсии, цреши и јаболка се екстремно опасни за животните бидејќи можат да ги затворат нивните дишни патишта. Подеднакво се опасни и ако застанат во нивниот дигестивен систем.rn
5. Мувлосана храна
rnДоколку не ја празните редовно кантата за ѓубре, погрижете се дека таа е вон дофатот на вашите домашни миленичиња. Остатоците од храна кои се многу мувлосани, особено оние од леб, тестенини и сирење, можат да предизвикаат повраќање, тресење и различни видови невролошки проблеми.rn
6. Кафе
rnИако за нас кофеинот во кафето е еликсир на животот, кај домашните миленици предизвикува повраќање и забрзана работа на срцето. Кафето без кофеин е помалку опасно, но сепак ќе предизвика дијареја.rn
7. Аспирин и други лекови за воспаление кои не се на база на стероиди
rnДенес многумина им даваат мали дози аспирин на своите миленици, но неговото дозирање треба да се одреди многу внимателно бидејќи покрај бројните здравствени проблеми, може да предизвика и смрт. Тој е поопасен за мачките бидејќи нивниот организам не произведува ензими кои се потребни за негово разградување. Симптомите на труење од аспирин кај мачките вклучуваат дезориентација, губење апетит, повраќање и крвава столица, додека пак кај кучињата се манифестира преку дигестивни проблеми, потешкотии со дишењето, невролошки проблеми и проблеми со бубрезите.rn
8. Домашни растенија
rnТие се задолжени за разубавување на домот и дворот, како и за создавање кислород, но доколку љубопитните миленици одлучат малку да пробаат од погрешното растение, тоа може да биде многу опасно по нивното здравје. Малите количини на благо токсични билки не можат да им наштетат, но големото консумирање во повеќе наврати може да биде фатално. Откријте за кои билки точно станува збор тука. Знаците на труење со некои од овие билки вклучуваат повраќање, често мокрење и жед.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.