Автор: НаташаrnПоднесено преку „Предложи содржина“
Дојди, дојди со мене.rnНежно склопи ги очите.rnЌе те однесам онаму каде животот е бајка.rnrnПодај рака, допри ме.rnЧувствуваш? Скокаме по облаците,rnживееме во висините, во синилата.rnrnНасмевни се,rnнасмевни му се на Сонцето.rnЗаиграј по ритамот на музиката од циркузот и циганите.rnrnПомирисај, ослободи се.rnЗагази по песокот,rnнареди му на океанот да всади дел од него во твојата душа.rnrnДојди, поверувај, не плаши се.rnДојди со мене…rnЖивотот е само сон, дај да го сонуваме заедно.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
