Синдромот полицистични јајници е една од најчестите хормонални болести кај жените и најчестата причина за изостанок на овулацијата. Овој синдром го добил своето име од изгледот на јајниците во кои се наоѓаат бројни цисти. Исто така, јајниците најчесто се двојно поголеми од нормалните, со сиво бела површина под која се наоѓаат цисти со големина помеѓу 5 и 15 милилитри. Се проценува дека од 5 до 10% од сите плодни жени страдаат од оваа болест.rnrn
rn
Како се воспоставува дијагнозата?
rnДијагнозата за полицистични јајници се носи преку комбинација од клинички, ултразвучни и лабораториски испитувања на хормоните. Клиничките испитувања најчесто ги опфаќаат информациите за симптомите на жената, нејзините поранешни и фамилијарни болести, како и целосен физички преглед. Сепак, за поставување сигурна дијагноза најдобро е да се направи ултразвучен преглед. На тој начин може лесно и точно да се измерат и анализираат деталите во јајникот.rn
Кои се симптомите за полицистични јајници?
rnНајчестите симптоми кои укажуваат на овој синдром се следниве:rn
- rn011
- намален број месечни циклуси или нивно изостанување
- насобрано масно ткиво во пределот на стомакот
- зголемено растење влакна ширум телото
- акни
- опаѓање на косата
- масна кожа
- ненадејно здебелување
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Дали полицистичните јајници пречат при забременувањето?
rnОдредени жени кои имаат полицистични јајници можат да се соочат со намалена можност за забременување, додека пак кај други тие воопшто не претставуваат проблем. Но, доколку тие прават пречка, таа успешно може да се надмине со помош на вештачко оплодување.rn
Кои се ризиците кои доаѓаат со полицистичните јајници?
rnАко имате полицистични јајници, треба редовно да одите на гинеколог и други лекарски прегледи бидејќи ова заболување е поврзано со одредена низа ризици како:rn
- rn011
- спонтаниот абортус е 2 до 3 пати почест
- болестите на срцето и крвните садови се 7 пати почести
- ризикот од развивање шеќерна болест се 16% поголеми
- зголемениот крвен притисок се јавува кај 40% од пациентките
- постои значителен ризик за добивање тумор на јајниците
- подоцна менопауза
- различни видови крвавења од матката
- нарушување на нивото на маснотии во крвта
- анемија
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Како се лечат полицистичните јајници?
rnПостојат различни методи на справување со овој синдром бидејќи симптомите се разликуваат од жена до жена. Сепак доколку имате полицистични јајници и сакате да забремените, најважно е да ја намалите прекумерната телесна тежина. Според истражувањата, намалувањето на барем 5% од вашата телесна маса може да доведе до нормализација на менструалниот циклус и повторно воспоставување овулација. Исто така потребна ви е и физичка активност, а за најдобри резултати треба да престанете да пушите цигари и да пиете алкохол.rnrnПолицистичните јајници можат да се лечат и со одредени лекови, кои може да ви ги препорача вашиот гинеколог во зависност од клиничката слика. Исто така, полицистичните јајници можат да се лечат и преку хируршки пат преку отстранување на дел или цел јајник.
