Ако ова лето забележите дека сообраќајот се забавил, мажите се застанати во некој ред, а за сето тоа нема некоја реална причина, ниту пак некое физичко попречување, слободно можете да си помислите дека станува збор за девојка која со својот изглед сосема ги „полудела“ сите околу себе. А еве со што… Станува збор за еден од трендовите кои веќе подолго време е присутен во светот на модата, но сега го доживеа својот врв. Голите раменици станаа задолжителен тренд кој не се заобиколува во модните комбинации на атрактивните девојки, а сега доаѓа нивното вистинско време за носење, па затоа ви даваме совети како да го стилизирате овој тренд кој ја истакнува вистинската и најсовршената женска сексапилност.rnrn
rnrnБлузите и кошулите со спуштени рамена се совршени за најразлични комбинации и прилики. Можеби нема да можете да ги носите на деловен ручек, професионален состанок или општо во текот на работното време, но сето останато време ќе биде одлично за едно вакво парче облека. Во комбинација со кратки здолништа, со шорцеви, со фармерки во кој било облик, овие парчиња кои ги откриваат вашите раменици се најсовршениот избор за ова лето. Не е важно дали станува збор за некои лежерни или елегантни прилики, ваквите блузи или кошули ќе ви дадат навистина убав и занимлив изглед.rnrn
rnrnПостојат многу прилики кога можете да ги носите и начини кои се добри за комбинирање на ваквите парчиња облека. Секако, секојдневно и во текот на денот најдобро ќе се чувствувате доколку ваквата блуза ја комбинирате со тексас шорцеви, бидејќи со само две парчиња кои се сосема едноставни ќе постигнете изглед кој моментално е доста популарен. Тука се и фармерките со висок струк што посебно ја нагласуваат целата сексапилност, која во допир со голите раменици, понежната блуза или кошула, создава најдобра комбинација за заведување и оставање без текст на сите кои ќе ве здогледаат.rnrn
rnrnНо, не само блузите и кошулите, туку и фустаните со спуштени рамена ќе ви го дадат посакуваниот изглед. И тогаш кога тие изгледаат сосема едноставно, рамената кои се откриени ќе функционираат како прекрасен моден детаљ за некои дневни прошетки, вечерни излегувања, но дури и за некои елегантни и свечени прилики кога ќе посакате да привлечете внимание со своето појавување.rnrn
rnrnНајдобрата страна на овој тренд е тоа што може да се вклопи во најразлични стилови без никаков исклучок и без страв дека ќе направите грешка. Елегантно, опуштено, бохо, без разлика како ќе посакате да изгледате, голите раменици ќе направат да изгледате тренди и модерно.rnrn
rnrnКлучот лежи во добрите материјали, кои би требало да бидат лежерни и разлетани за да влијаат на тоа да изгледате женствено, нежно и романтично, но внимавајте да не одберете силни бои. Овие парчиња ќе ги најдете во бела, црна, светло сина боја, но и во пастелни нијанси. Секако, воопшто нема да погрешите доколку се одлучите за некоја впечатлива боја, но важно е да ја вклопите во вашиот личен стил и на целата комбинација да ѝ дадете личен печат. Подгответе се на време, дождот и ветрот ќе поминат, а потоа нè чека летото во кое сакаме да изгледаме најубаво што можеме.rnrn
rnrnПогледнете ги и овие ретро шик аксесоари за коса кои ќе бидат најголемиот тренд во 2017-та година!
Подгответе се за „најжешкиот“ летен тренд!
