Летото наближува и веројатно веќе размислувате за слабеење. Доколку сте ги направиле потребните промени во исхраната и сте почнале со некоја физичка активност, овие чаеви ќе ви помогнат побрзо да ги добиете посакуваните резултати.rn
1. Чај од нане
rn
rnrnЧајот од нане можеби не е помеѓу популарните, но е одличен сојузник во борбата против килограмите. Мирисот на ментол го намалува чувството на глад. Доколку редовно пиете чај од нане а притоа и го мирисате, ќе јадете помалку, па вашето тело побрзо ќе ги согорува мастите.rn
2. Мача чај
rn
rnrnИ мача чајот може да ви помогне во слабеењето Имено, овој пијалак содржи состојки кои го поттикнуваат топењето на мастите, но и го спречуваат настанувањето на новите, особено околу стомакот. Меѓутоа, со овој чај потребно е и да спортувате. Доколку, на пример, сакате да го намалите стомакот, правете и по неколку стомачни во текот на денот.rn
3. Зелен чај
rn
rnrnЗелениот чај може да ве разбуди бидејќи содржи доста кофеин. Истовремено, тој го регулира варењето, а со тоа помага при топењето масти. Доколку сакате да ослабите, секој ден пијте по една шолја зелен чај.rn
4. Гоџи чај
rn
rnrnГоџи бобинките го поттикнуваат работењето на метаболизмот. Наводно, телото поефикасно ги согорува калориите доколку консумирате гоџи бобинки. Овој ефект го има и чајот од нив, па слободно консумирајте го редовно.rn
5. Бел чај
rn
rnrnИ белиот чај е одличен кога станува збор за топење на мастите. Состојките на чајот го спречуваат создавањето на нови масни наслаги, а истовремено го поттикнуваат согорувањето на веќе постоечките. Покрај тоа, белиот чај има и одличен вкус.rnrnПогледнете и кои видови храна го забрзуваат слабеењето.
