Најдобрите места за пливање

Сподели

Летото е одличен период за истражување на најразлични локации за пливање. За момент заборавете ги конвенционалните плажи и замислете како би било да пливате под водопади или во некој национален парк.

Реклама

rn

Водопадите Хавасу во Аризона

rnСкалестите водопади Хавасу, високи повеќе од 36 метри, се влеваат во реката Колорадо на дното од Големиот Кањон во Аризона. Во август 2008 година, заради силните врнежи од дожд браната на овие водопади се распука, а локалното индијанско население беше евакуирано. Оттогаш водопадите се повторно отворени за туристи, но ако сакате да запливате во тиркизните води на Хавасу, ќе мора да пропешачите 16 километри под жешкото сонце на Аризона.

rn

Реката Мерсед во Националниот парк Јосемити

rnРеката Мерсед се наоѓа на источниот крај на долината Јосемити, во истоимениот национален парк кој е под заштита на УНЕСКО. Пливањето во оваа река е незаборавно доживување, но внимавајте на водопадите и брзаците затоа што во нивна близина пливањето не е дозволено. Ако сакате да запливате во Мерсед, користете ги песочните плажи како единствен влез и излез од реката, за да не дојде до нарушување на екосистемот.

rn

Паркот Блу Спринг во Флорида

rnПаркот Блу Спринг, кој се наоѓа во Флорида, е засолниште за западноиндискиот ламантин (вид морска крава). Температурата на водата тука достигнува до 72 степени и останува константна во текот на целата година. Заради заштита на ламантините, паркот е затворен за секакви водни активности од средината на ноември до почетокот на март. Во преостанатиот период од годината, посетителите може да пливаат во топлата и кристална вода или да уживаат во кајакарење или нуркање.

rn

Водопадите Рич во Јамајка

rnСкалестите водопади Рич се наоѓаат во областа Порт Антонио, во Јамајка. Тие се едни од најчесто употребуваните водопади во рекламите за промовирање на туризмот и привлекување на туристи. Извирајќи од најголемата планина во Јамајка, водопадите Рич скалесто завршуваат во смарагдно – зеленото езерце кое е одлично место за пливање, но и за водна масажа.

rn

Езерото Дуду во Доминиканската Република

rnЕзерото Дуду, познато по тоа што содржи подземни води, се наоѓа на северниот брег од Доминиканската Република, во близина на градот Нагва. Сместено во долниот дел од 20-метарските карпи, до кои се стигнува преку стрмни скали, кристалното сино езеро е изолирано од јавноста. Дуду е одлично место и за нуркачите кои сакаат да ги истражуваат подземните пештери или да се обидат да ја измерат длабочината на езерото.

rn

Паркот Слајд Рок во Аризона

rnСлајд Рок паркот во близина на Седона, во Аризона, го добил своето име според природната вода која со својот тек го обликувала песочникот на кањонот. Тука посетителите може да да се лизгаат по водата, да одат или да пливаат. Паркот е особено популарен во летниот период, кога сите слободни места се пополнети уште во раните утрински часови.

rn

Езерото во Цибилчалтун во Мексико

rnЦибилчалтун е археолошки локалитет на Маите кој се наоѓа мексиканската сојузна држава Јукатан. Туристичката понуда за Цибилчалтун, освен Храмот на седумте кукли и урнатините од шпанската црква од 16-от век, го вклучува и малото езеро кое локалните жители го користат во текот на целата година. Турата опфаќа обиколка на езерцата кои се протегаат од Мерида до Канкун. Се проценува дека оваа област има околу 30.000 езерца од кои само неколку десетици се отворени за јавноста.

rn

Сините дупки на островот Андрос

rnОстровот Андрос е најголемиот од Бахамските острови и е дом на сини дупки кои се наоѓаат во океанот и во внатрешноста на островот. Ваквиот систем на водни пештери е забележан уште во 1970 година, од страна на магазинот National Geographic. Сините дупки најмногу се истражувани од експедицијата на Жак Кусто. Тие се дел од екосистемот на Бахамите и се одлични места за пливање и нуркање.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира