КАФЕ ПАУЗА

7 видови храна со кои многу побрзо се слабее

7 видови храна со кои многу побрзо се слабее

Според истражувањата на нутриционистите постојат некои намирници кои доколку ги консумирате ќе го забрзаат топењето на килограмите, секако ако целиот режим на исхрана ви е среден. Овие седум според нив даваат најдобри резултати во тоа.rn

1. Бадеми

rnБадемите се еден вид природна таблета за слабеење. Половина шака бадеми дневно може да ви помогне да се држите до нискокалоричниот режим на исхрана кој обезбедува слабеење, а покрај тоа содржи и состојки кои го помагаат согорувањето на масните наслаги за време на напорната физичка активност. Треба да внимавате да не јадете премногу од нив затоа што се многу калорични, но во наведените количини ќе ви завршат одлична работа.rnrn7 видови храна со кои многу побрзо се слабееrn

2. Грејпфрут

rnИстражувањата покажале дека ако каснете половина грејпфрут пред оброкот, драстично ќе ги зголемите шансите за слабеење. Испитаниците симнувале и до два сантиметри во обем во првите шест недели со примена на оваа тактика.rnrn7 видови храна со кои многу побрзо се слабее rn

3. Ф’стаци

rnГрупа научници од Калифорнија им дале идентичен план на исхрана на две групи испитаници со само една разлика: едната група за ужинка имала ф’стаци, а другата переци. Оние кои јаделе переци секој ден иако биле на нискокалорична диета не забележале никаква промена во телесната тежина, а другите веќе по четири недели имале многу подобри резултати.rnrn7 видови храна со кои многу побрзо се слабее rn

4. Масло од авокадо

rnОва веројатно е маслото кое наскоро ќе стане многу популарно во светски рамки. Користењето на ова масло наместо кое било друго доведува до намалување на процентот на телесни масти за неверојатни 2% месечно.rnrn7 видови храна со кои многу побрзо се слабее rn

5. Зелен чај

rnИ овде математиката е едноставна. Оние кои дневно консумираат 4-5 шолји зелен чај, имаат балансирана исхрана и вежбаат барем по 25 минути, многу побрзо ги топеле масните наслаги во споредба со оние кои не го пиеле иако вежбале исто толку.rnrn7 видови храна со кои многу побрзо се слабее rn

6. Мешунки

rnПовторно научниците им дале ист режим на исхрана на две различни групи со само една разлика. Овој пат едните добивале многу повеќе мешунки од другите и драстично го намалиле лошиот холестерол. Затоа треба почесто да се консумираат леблебија, леќа, грашок, грав и сличен зеленчук.rnrn7 видови храна со кои многу побрзо се слабее rn

7. Млечни производи + витамин Д

rnПри споредбата на две групи испитаници, оние чија исхрана содржела многу повеќе намирници со комбинацијата од калциум и витамин Д ослабеле двојно повеќе во рок од 12 недели. Некои видови јогурт ја содржат оваа моќна комбинација.rnrn7 видови храна со кои многу побрзо се слабее rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn