Автор: Зорица ТодороваrnrnПаузата за појадок ви заврши, го испивте второто кафе за денес и токму кога треба да бидете најпродуктивни, вие не можете да престанете да се проѕевате. Чувствувате како енергијата полека ви опаѓа и најрадо би сакале сега да отспиете барем половина час. Овие брзи и едноставни трикови би требало да ви помогнат да ја надминете дремката што ве напаѓа и брзо да се вратите во колосек.rnrn
rn
Изедете банана
rnНови истражувања покажуваат дека бананите се богати со јаглехидрати и хранливи состојки како калиумот кои ви даваат енергија многу повеќе од енергетските пијалаци.rnrn
rn
Превртете се наопаку
rnОвој трик ја менува вашата циркулација и ве буди: како што седите на стол ставете ја главата меѓу нозете. Оставете ги рацете да висат на подот околу 20 секунди и потоа полека исправете се.rnrn
rn
Напијте се зелен чај
rnОвој вид чај содржи кофеин и теин, аминокиселина која помага во смирување на вашиот нервен систем. Како резултат добивате постепено освежување наместо остар шок.rnrn
rn
Штипнете се за образите
rnВашата баба сепак била во право. Притисокот врз образите го стимулира крвотокот во вашето лице што веднаш ве прави будни.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.