Праксата е најважниот дел од процесот на учење, бидејќи сè во животот се учи со правење. Можете да прочитате илјадници книги за гитара, да ги научите нејзините делови, да изгледате стотици видеа со часови по гитара, но никогаш нема да научите да свирите ако не ја земете гитарата во вашите раце.rnrn
rnrnРазмислете за некои од најосновните нешта што сте ги научиле во животот, како одење, возење велосипед, готвење, танцување и слично. Сите овие нешта сте ги научиле поради вашите грешки. Кога прв пат сте почнале да одите, сигурно сте паѓале многу, но наместо тоа да ве обесхрабри, сте станувале и сте пробувале одново. Па, ако преземате нешто и ако направите грешка, нема потреба да се грижите. Грешките се дел од праксата и се случуваат за да учите од нив и да ги користите како учители во следниот обид. Во продолжение погледнете ги 5-те совети кои ќе ви помогнат да ги користите вашите грешки како алатки за подобрување.rn
Почнете да ги прифаќате вашите недостатоци
rnКога ги лажете другите, вие сте лажго. Но кога се лажете себеси вие сте слаб и слеп човек. Секогаш треба да бидете искрени кон себе бидејќи ако почнете да се лажете, не очекувајте да созреете. Почнете да ги прифаќате вашите грешки и недостатоци и преземете одговорност за нив. Оваа навика ќе ви дозволи да ги спознаете вашите грешки и да не ги повторувате.rn
Претворете ги грешките во алатка за учење
rnНема подобар учител од вашите грешки. Секоја грешка има клуч кон вашите недостатоци преку кои можете да влезете во светот на учењето. Грешките се дел од човечката природа и наместо да се демотивирате, би требало да почнете да учите од нив. Ќе сфатите кој дел од вашиот обид ве спречил во успехот. Секоја грешка ќе ве научи на некоја нова лекција, а учењето ќе ве носи поблиску до вашата цел.rn
Не плашете се од неуспех
rnНишто не е совршено, а овде спаѓаат вашите постапки, природа и размислување. Дали мислите дека човекот кој држи најдобри говори отсекогаш го правел тоа толку успешно? Дали мислите дека најдобриот фудбалер на светот веднаш давал голови? Се разбира дека не. Повеќето луѓе не добиваат можност да го вкусат успехот бидејќи идеалниот успех или постигнувањето е мешавина од волја, посветеност и грешки. Па, немојте да се плашите од неуспех и не плашете се да направите грешки. Ако не грешите не сте на вистинскиот пат.rn
Учете од грешките на другите
rnБидејќи вашите грешки не се доволни за да ги научите сите животни лекции, би требало да учите и од туѓите. Повеќето луѓе ја гледаат само успешната страна на познатите, пријателите и роднините, но го испуштаат најважниот дел од нивниот живот – грешките. Можете да учите од грешките на другите и да не ги повторувате. Гледајте и учете од другите, ова ќе ве направи помудри, но и подобри ученици.rn
Не заглавувајте на вашите грешки
rnЗаглавување на грешка, а потоа чувствување вина за неа е најлошото нешто што можете да го направите. Никогаш не треба да заглавувате во една фаза или обид од вашиот живот. Размислете за грешките како час по пеење. Одите таму, учите, и потоа се враќате дома носејќи ја со себе само лекцијата што сте ја научиле. Треба да се соочите со грешките, да ги научите лекциите, а потоа да продолжите со животот.rnrnНаместо да се плашите од неуспех, почнете да учите од вашите грешки. Учителите можат да ве научат на лекции од туѓи искуства, но лекциите ве учат од вашите искуства.rnrnПогледнете ги и грешките што треба да ги направите што порано во животот.
