Дали некогаш сте се запрашале што значи да се биде емпатичен? Препознавањето знаци на емпатија како дел од вашата личност може да ви помогне подобро да се сфатите себеси и да се поврзете со себе и со другите, да поставите силни лични граници и да изградите поздрави односи.rnrn
rnrnЕмпатијата е важна особина која ни помага да разбереме како се чувствува некој за да можеме да одговориме со сочувство. Доколку сте емпатични по природа, можете да го препознаете тоа што другите го чувствуваат едноставно гледајќи во нив. Можете исто така да сфатите колку се интензивни нивните емоции, дури и кога другите напорно се обидуваат да го скријат она што го чувствуваат. Овие знаци ќе ви откријат дали сте емпатични или не.rn
1. Вие сте интуитивни по природа
rnДали секогаш знаете кога некој близок е тажен дури и ако не ви кажал ништо? Можете ли да препознаете кога некој лаже? Луѓето кои се емпатични по природа, набљудуваат и апсорбираат многу од нивната околина благодарение на нивните високи нивоа на интуиција.rn
2. Вие сте многу чувствителна личност
rnЕмпатичните луѓе за кратко време можат да почувствуваат емоционална исцрпеност со оглед на тоа дека брзо ги апсорбираат негативните емоции на другите што ги тера да се изолираат и да го поминуваат времето сами со себе.rn
3. Ја сакате самотијата
rnДали имате тенденција да ги откажувате плановите во последен момент? Ако намерно избегнувате забави или големи гужви, тогаш голема е веројатноста дека сте емпатични по природа. Самотијата е таа која ви помага да ги наполните и балансирате вашите емоции и енергии. Иако можеби сте или не сте интроверт, имате вродена потреба да бидете сами долго време.rn
4. Имате „исцелувачко“ дејство врз другите
rnДали луѓето честопати ви се доверуваат? Дали се чувствуваат смирени откако ќе разговараат со вас? Луѓето бараат поддршка од емпатичните личности бидејќи знаат дека тие се доверливи и дека ќе ги чуваат нивните тајни. Меѓутоа, овие личности можат лесно да станат жртва бидејќи токсичните луѓе можат да ја искористат нивната емпатична природа. Затоа е важно да си постават силни лични граници.rn
5. Не можете да престанете да им помагате на другите
rnДали ви е тешко да не се грижите за другите? За вас е невозможно да видите некого на кој му треба помош и едноставно да си заминете – помагањето на другите е како духовен повик за вас – како да е нешто за кое сте родени. Знаете дека имате способност да ги лекувате другите и никогаш нема да пропуштите можност да ја искористите вашата супермоќ за да им помогнете на другите да живеат посреќен живот.rnrnОткако прочитавте за знаците кои укажуваат на емпатија, можеби ќе сакате да откриете и кое е вашето ниво на емпатија.rnrnИзвор: themindsjournal.com
