Дали сте знаеле дека Амишите имаат неверојатен просечен животен век од 85 години, без никаква помош од современата медицина и технологија? Истражувачите се заинтересирале и решиле да испитаат на што се должи ова.rnrn
rnrnНаучниците откриле дека повеќето луѓе од Амишката заедница имаат мутиран ген против стареење кој им овозможува да живеат 10 пати подолго од просечниот човек. Имено, поединците кои имаат една копија од генот СЕРПИНА1 можат да имаат 10 пати подолг животен век од останатите луѓе од нивната заедница.rnrnАмишите се екстремно традиционални христијани кои живеат отсечени од модерниот свет. Истражувањето било спроведено со Амишите од стариот одред во Индијана. Станува збор за заедница која ги одбегнува „замките“ на современото општество, како што се електричната струја, автомобилите и лековите.rnrnПознато е дека Амишите се многу здрави. Децата речиси воопшто немаат алергии, а во повеќегодишно испитување на Амишките деца, научниците сретнале само 3 случаја на аутизам. Во нивните села, болестите на современата цивилизација, како што се срцевите заболувања, ракот и дијабетесот, се многу ретки.rn
„Тие воопшто не користат напредна медицина, па затоа фактот што носителите на овој ген имаат просечен животен век од 85 години е навистина неверојатен“, изјавил докторот Даглас Воан, кардиоваскуларен специјалист на Универзитетот Нортвестерн.
rnБиле испитани 177 луѓе од кои 43 биле носители на мутираниот ген. Навистина било тешко да се пронајде една мутација кај поединците, па така ова претставувало вистински предизвик за научниците.rnrnОваа мутација кај поединците предизвикува подолги теломери, структури што се наоѓаат на краевите од секој хромозом и ги чуваат од оштетување во текот на стареењето. Доктор Воан објаснил дека во светот каде што живееме, шансите за ваква мутација се 1 во 70.000. Токму затоа, научниците биле изненадени кога откриле дека во Амишката заедница шансите се 1 во 4.rn
„Колку што се пократки теломерите толку пократок е и животниот век. Тоа што Амишите живеат во затворени заедници им овозможува да ја сочуваат мутацијата на генот СЕРПИНА1“, објаснил доктор Воан.
rnСигурно ќе се согласите дека ова откритие претставува одлична основа за идните истражувања поврзани со продолжувањето на животниот век!rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за животот на овие луѓе, погледнете го овој традиционален лек на Амишите.