Како што постојат тестови за коефициентот на интелигенција, постојат тестови и за емоционалната интелигенција, односно нивото на емпатија. Емпатијата претставува грижа за другите, и во добри и во лоши ситуации.nn
nnЕмпатијата е вештина што може да се развие преку свесноста. Со цел да го избегнете товарот што доаѓа со емпатијата, важно е да научите како да ја центрирате, да се заштитите, како и постојано да се грижите за себе.nnНа светот навистина му се потребни повеќе емпатични лидери, родители и луѓе во секоја професија. Емпатијата ни овозможува да ги разбереме другите, дури и кога не се согласуваме со нив. Таа ги надминува разликите и го отвора патот за комуникација со другите. Па, сигурно ве интересира кое е вашето ниво на емпатија. Тестот во продолжение ќе ви помогне да го откриете тоа.nnОдговорете на следниве прашања со „Да“ или со „Не“.nn1. Дали сте чувствителни кон другите, се грижите за нив и сакате дa им помогнете?nn2. Дали слушате со вашето срце, а не само со вашата глава?nn3. Можете ли да им направите простор на другите да ги искажат нивните емоции?nn4. Можете ли да слушате без веднаш да добиете потреба да решите нечиј проблем?nn5. Можете ли да давате и да добивате во интимните врски?nn6. Дали сте интуитивни и чувствителни на туѓите потреби?nn7. Дали се грижите за големото добро и доброто на Земјата?nnДоколку одговоривте потврдно на 4 до 6 прашања, вашето ниво на емпатија е екстремно високо.nnАко одговоривте потврдно на 3 до 5 прашања, имате умерено ниво на емпатија.nnАко одговоривте потврдно на 1 до 2 прашања, имате ниско ниво на емпатија.nnБез разлика на кое ниво се наоѓате, секогаш можете да ја развиете емпатијата, или да научите да се заштитите доколку го чувствувате нејзиниот товар.nnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека имате натпросечно ниво на емпатија.
Кое е вашето ниво на емпатија?
