Крвната група е наследна и непроменлива карактеристика на луѓето. Таа може да влијае на целиот наш живот, а сепак многумина не знаат точно која е нивната крвната група. Во продолжение прочитајте зошто е многу важно да ја знаете оваа информација за вас…rnrn
rn
1. Крвната група овозможува длабок увид во вашата генетика
rnПознавањето на крвната група може да ви биде од огромна помош при разбирањето како вашето тело реагира на одредена храна, на кои болести би можеле да бидете склони, како реагирате на стрес, како стареете и за уште многу други нешта…rnrnИмајќи го ова на ум, крвната група може да ви послужи како алатка за навигација при одредување на што е добро, а што лошо за вас. Истражувањата покажале дека кај луѓето со одредена крвна група постои и одреден ризик за специфични болести, на пример, кај личностите со крвна група 0 постои помал ризик од срцеви болести, но поголем за појава на чир на желудник.rn
2. Крвната група помага при одредување на најздравиот начин на исхрана
rnАнтигените (молекулите кои поттикнуваат создавање антитела) на вашата крвна група не се наоѓаат само во крвта. Тие се раширени низ целиот организам, особено во деловите од телото што се во интеракција со околината. Тоа го вклучува дигестивниот систем, од устата до дебелото црево, како и дишните патишта и белите дробови. Со оглед на тоа што тие се насекаде, имаат големо влијание на начинот на кој вашето тело реагира на храната што ја внесувате.rnrnОд друга страна пак, одредена храна содржи лектини, еден вид белковини што се врзуваат со антигените на крвните групи и предизвикуваат аглутинација на крвта, поради што можете да чувствувате умор, главоболка, дигестивни проблеми и да развиете проблеми со кожата.rn
3. Познавањето на крвната група може да ви го спаси животот
rnНајважната причина поради која би требало да ја знаете својата крвна група е поради фактот што оваа информација би можела да ви го спаси животот во случај на сообраќајна или друг вид несреќа кога ќе ви биде потребна трансфузија на крв.rnrnАко уште не ја знаете својата крвна група, се надеваме дека со читањето на овој текст ќе се премислите и уште во текот на оваа недела ќе го посетите својот доктор за да ја дознаете…