Денес чаевите неретко се на база на зелен и црн чај коишто содржат кофеин, кој пак не е баш најпогоден за стресот. Од друга страна, чајот од лимонова трева може навистина да ви помогне.rnrn
rnrnМирисот на лимоновата трева може да ви помогне да останете смирени и релаксирани. Во едно истражување, бразилските научници ги мереле психичките и физичките показатели, како чувството на напнатост и отчукувањето на срцето, кај повеќе од 40 испитаници.rnrnИспитаниците кои пред тестот вдишале арома од лимонова трева, биле помалку анксиозни и помалку напнати. Иако за време на тестовите се зголемило и нивното ниво на стрес, по завршувањето на тестирањето стресот веднаш се намалил, за разлика од испитаниците од контролната група.rnrnПа доколку се почувствувате напнато или чувствувате дека сте изложени на многу стрес, зошто да не си направите шолја чај од лимонова трева?rnrnПогледнете и кој чај е најдобар за вас според крвната група.
Пијалак без кофеин што ќе ви помогне да се ослободите од нервозата и стресот
