Ги имате изгледано сите филмови од серијалот „Хари Потер“ и многу ви се допаднале. Се сметате себеси за голем обожавател на малиот волшебник и до ден денес се сеќавате на сите магични зборови и ликови. Можеби дури и сте си направиле Хари Потер маратон за време на празниците! Сепак, поради некоја непозната причина, никогаш не сте стигнале да ги прочитате книгите. Време е да се смени тоа! Дури и да не сте љубители на читањето, дајте им шанса на овие книги, па којзнае, можеби ќе ви се допаднат повеќе од филмовите! Ова се 12-те причини зошто уште веднаш треба да почнете со читање на книгите за Хари Потер…
rn
1. Книгите се подобри
rnСите љубители на читањето секогаш велат дека книгите се подобри од филмовите. Можеби нема да се согласите со нив, но не можете да го знаете тоа додека не ги прочитате книгите. Филмовите не се воопшто лоши, но во книгите, ликовите и заплетот се многу подетално развиени.rn
2. Филмовите имаат скратено многу важни детали
rnСосема разбирливо е тоа што голем дел од сцените се скратени, бидејќи навистина е тешко да се сместат 800 страници во 2-часовен филм. Но, токму затоа многу пропуштате! Не ја знаете приказната за Дамблдор, односите меѓу духовите, не знаете дека Невил е „избраниот“… Филмовите само ја „чепкаат“ површината на волшебниот свет.
rn
3. Книгите не се наменети само за деца
rnМногумина мислат дека го „пропуштиле возот“ за да ги прочитаат книгите за Хари Потер. Се срамат да признаат дека дури сега почнале да ги читаат книгите за малиот волшебник. Но, тоа е навистина бесмислено! Во универзитетите во некои земји „Хари Потер“ е задолжително четиво и се смета за дел од модерната класична литература. Никогаш не е предоцна да почнете со читање!rn
4. Филмскиот Рон не е ништо во споредба со тој од книгите
rnРон од филмовите и Рон од книгите се два сосема различни ликови. Руперт Гринт е одличен актер, но многу од репликите на Рон се сменети во филмовите. Во книгите тој доживува личен развој и е многу попаметен, похрабар и позабавен. Тој исто така многу често ја брани Хермиона во книгите, додека, пак, во филмовите постојано ја навредува.
rn
5. „Хари Потер и Редот на фениксот“ не ги исполни очекувањата на обожавателите
rnСосема во ред е доколку ви се допаѓаат филмовите. Но, мора да признаете дека „Хари Потер и Редот на фениксот“ не е најдобриот филм на сите времиња. Ликот на Амбриџ е добро доловен, но генерално гледано, филмот не ги исполнува очекувањата. Петтата книга од серијалот е исполнета со многу тинејџерски емоции, а во филмот главниот акцент е ставен на дејството што ја уништува магијата.rn
6. Филмскиот Дамблдор е поинаков
rnВо книгите, Дамблдор е постојано смирен и грижлив. Неговите слабости и лутина се видливи дури во последните книги од серијалот. Во филмовите, пак, тој вика и го напаѓа Хари уште во четврта година! Тоа не делува многу софистицирано.
rn
7. Во книгите има многу повеќе политика
rnФилмовите воопшто не ја доловуваат општествената ситуација во која се случува главното дејство. Во книгите, пак, се дискутираат граѓанските права, нетолеранцијата и фашизмот. Дали сте знаеле дека Хермиона морала да се бори со законот за да добие дозвола да има домашен виленик? Или дека Корнелиус Фаџ ги цензурирал вестите? А што е со Волдеморт и неговата цел да постигне етничка чистота? Овие општествени проблеми се многу подетално разгледани во книгите отколку во филмовите.rn
8. Романтичните делови се поубаво опишани во книгите
rnАктерите ги добиле улогите кога биле деца, така што сосема разбирливо е тоа што нема многу хемија меѓу нив. Но, сепак, бакнежите меѓу Хари и Џини се навистина чудни и воопшто не ја доловуваат вистинската емоција. Овие романтични моменти во книгите се опишани многу подетално и поубаво.
rn
9. Ликовите од книгите можат да изгледаат како што сакате
rnМожете да ги читате книгите и да си ги замислувате ликовите како Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон ако сакате. Но, не морате. Во вашата фантазија, Хермиона може да има темен тен на кожата, а Хари да има руса коса. Можеби лузната на Хари нема да изгледа како слатка молња, туку како реалистична крвава рана направена со нож. Додека читате, вие го одредувате изгледот на ликовите.rn
10. Книгите се лесни за читање
rnНека не ве плаши големиот број на страници. Книгите се читаат брзо и лесно. Можете да ги прочитате првите две книги за само неколку дена.
rn
11. Атмосферата во книгите е иста како онаа во филмовите
rnМожеби не сакате да ги прочитате книгите, бидејќи филмовите навистина ви се допаднале и не сакате да си го уништите впечатокот. Но, атмосферата во книгите е идентична со онаа во филмовите! Режисерот тука завршил навистина одлична работа! Книгите со сигурност нема да ја променат вашата замисла за Хогвартс до толку многу што никогаш повеќе нема да можете да уживате во филмовите.rn
12. Се работи за Хари Потер!
rnПостои причина зошто „Хари Потер“ е најпопуларната книга во светот! Луѓето не ја читаат само за да бидат во тек со најновите случувања. Станува збор за приказна која допира до илјадници милиони срца. Можеби сте скептици и не верувате дека тоа е возможно, но дајте им шанса на книгите да ви го докажат спротивното. Конечно ќе го откриете она што сте го пропуштале сите овие години.
Прочитајте и за непроценливата мудрост на професорот Дамблдор за животот и надежта.


