КАФЕ ПАУЗА

Пет интересни начини на употреба на пчелиниот восок

Пет интересни начини на употреба на пчелиниот восок

Written by

in

,

Употребувате мед за да направите најразлични колачи и маски за лице. Но, дали знаевте дека вредните пчели произведуваат и друга леплива супстанција што може да се користи на безброј начини?rnrnrnrnЗборуваме за пчелиниот восок – магичната состојка што ја создаваат пчелите за да го изградат своето саќе. Кога пчеларите собираат мед, нус-производ во процесот на екстракција е пчелиниот восок. Тој потоа се топи во плочка и може да се купи. Зошто дефинитивно треба да го купите? Пчелиниот восок е природна супстанција која може да се користи во домот, за разубавување, па дури и при готвењето. Исто така, има долг рок на траење и низа заштитни својства.rnrnСе прашувате што друго освен свеќи и балсами за усни можете да направите од оваа долготрајна и природна состојка?rnrnПрочитајте во продолжение!rnrnrn

1. Полирање на вашиот мебел

rnДали дрвените столчиња во трпезаријата изгледаат малку стари? Додадете им сјај на сосема природен начин. Потребни ви се само две состојки: измешајте 1 лажица пчелин восок со 3 лажици маслиново или кокосово масло и растопете ги на пареа. Оставете ја течноста да се излади и зацврсти, а потоа нанесете од смесата со чиста крпа на дрвените површини. Со друга чиста крпа, на крајот пребришете и столчињата ќе изгледаат како нови.rn

2. Направете украси за подарок

rnДозволете им на вашите деца да ви помогнат во овој проект. Измешајте еднакви количини на пчелин восок и дробен сапун и растопете ги. Кога смесата ќе биде течна, истурете ја во помали калапи по ваша желба и додадете неколку капки прехранбена боја. Добро измешајте и почекајте неколку часа за да се стврдне восокот.rnrnrn

3. Заштитете ги вашите чевли од вода

rnВашите обувки од кожа или платно прво добро исчистете ги, а потоа премачкајте ги со восок кој ќе го растопите со фен. На крај, отстранете ги остатоците од восокот со крпа.rn

4. Премачкајте ги вашите тави

rnЗа вашите садови за печење да бидат како нови, премачкајте ги со восок. Нанесете пчелин восок во нивната внатрешност и подготвувајте ја храната како и обично. Вашите садови ќе добијат траен сјаен слој, што значи дека нема да морате да ги чистите детално по секоја употреба.rn

5. Поправете го заглавениот патент

rnКога температурите надвор се намалени, време е да ја извадите топлата гардероба од вашиот плакар. Проблем? По неколкумесечно неупотребување, патентите од вашите палта се движат со тешкотии. Може лесно да го решите проблемот со втривање на малку пчелин восок во патентот. Ќе работи како нов.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 12-те примени на сода бикарбоната за кои веројатно не сте знаеле.