Кога ќе наполниме 40 години, нашите телесни функции полека се приближуваат до менопауза. Нашето тело се соочува со хормонални промени и што побрзо се помириме со тоа, толку повеќе ќе си го олесниме себеси животот во 40-тите години. Во продолжение прочитајте на кој начин хормоналните промени на почетокот на петтата деценија влијаат на менструалниот циклус.rnrn
rnrnФазата помеѓу нормалниот циклус и менопаузата може да трае до 5 години, вели д-р Ребека Дансмур-Су од Сиетел. Таа појаснува дека оваа фаза се нарекува перименопауза.rn
Можно е да ви прескокне циклусот
rnСо оглед на тоа што нивото на хормоните се менува со годините, можно е понекогаш менструацијата сосема да ви изостане. Но, без грижа, тоа е сосема нормално за годините.rn
Разликата помеѓу две менструации станува пократка
rn
„Од одредена доба во животот менструалниот циклус се скратува, што значи дека менструацијата ќе доаѓа почесто, односно побрзо еднаподруга. Но, треба да се нагласи дека секое тело е различно и доаѓањето на менструацијата порано или подоцна може да зависи од месец до месец“, вели д-р Ребека Дансмур-Су.
rn
Грчевите, ПМС и промените во расположението се засилуваат
rnМногу хормонални промени после 40-тата може значително да влијаат на расположението. Не треба да се чудите што жените тогаш имаат нагли промени во расположението, па дури може и да се склони кон депресија. Исто така, може да се засилат болките и менструалните тегоби во текот на ПМС.rn
Помалку сте плодни и имате намалени шанси за забременување
rn„Јајце-клетките се генерално со послаб квалитет, па така се зголемува можноста за спонтан абортус“, вели докторката, но додава дека сепак и тогаш е можна бременост.rnrnПрочитајте ги и 8-те знаци кои покажуваат дека перименопаузата наближува.