Автор: Пеперуткаrnrn
rnrnКое е тоа време?rnКолку трае тоа време?rnВремето што минуваrnбез да помине,rnвремето што те крие?rnКаде е тоа време?rnВремето што те донесе,rnвремето што те украде,rnшто те однесе?rnЗошто постои тоа време?rnВремето што ме лаже,rnтоа проклето време,rnвремето Уште Малку,rnвремето Подоцна,rnвремето Не Е Време,rnшто сака да ми каже?rnМолчи тоа време,rnбега тоа време,rnтоне тоа време.rnБездна е,rnно јас ќе го допрам днотоrnза да ја најдамrnпораката во шишето,rnда го најдам одговорот,rnда го најдам и запрам тоа време.rnВремето Надежrnќе биде време Вистина,rnвремето Сонrnќе стане време Јаве,rnвремето Чекајќиrnќе биде време Чекорејќиrnвремето Сакајќиrnќе стане време Љубејќи.rnИ тогаш, кога „ќе биде“rnи тогаш кога „ќе стане“ ,rnтогаш времето ќе запреrnи ќе остане…rnВистинско време во јаве,rnчекорејќи и љубејќиrnдо другото време,rnвремето Засекогаш.
Поезија: Време
