КАФЕ ПАУЗА

Паметни начини за користење на солта – не мислиме на готвењето!

Паметни начини за користење на солта - не мислиме на готвење!

Постојат најразлични начини на кои можете да ја користите солта освен во готвењето. Поради ова, солта порано била многу вреднувана, па дури и користена како валута. Прочитајте дел од нејзините алтернативни употреби и подгответе се да бидете воодушевени!rnrnПаметни начини за користење на солта - не мислиме на готвење!rn

1. Чистење дамки од црвено вино во тепихот

rnПрво, додека дамката е сѐ уште мокра, истурете бело вино за да се избели бојата. Потоа истапкајте ја дамката со сунѓер и ладна вода. Потоа попрскајте со сол, и оставете ја 10 минути. На крај, исчистете со правосмукалка.rn

2. Помалку горчливо кафе

rnАко пиете горко кафе, но преферирате помала горчливост ставете малку сол во него.rn

3. Чистење на фрижидер

rnФрижидерот треба да го чистите на секои три до шест месеци за да се одбегне лошата миризба. За да ги исчистите тврдокорните дамки и лошиот мирис, измешајте половина чаша сол со две литри топла вода.rn

4. Исчистете ги дамките на дрвените површини

rnЧашите оставаат дамки од вода на дрвените површини. За да исчезнат, измешајте една лажица сол со неколку капки вода за да формирате смеса. Потоа тријте ја смесата со мека крпа сѐ додека не исчезнат дамките. За крај, поминете со средство за дрвени површини за дополнителен сјај.rn

5. Оживејте го сунѓерчето

rnСунѓерите и крпите обично стануваат тврди после некое време. За да ги вратите во првобитната состојба, потопете ги во литар вода помешана со 30-тина грама сол. Оставете ги да отстојат цела вечер.rn

6. Против убоди од пчели и оси

rnДоколку ве касне пчела, солта е природен лек. Веднаш потопете ја површината и покријте ја со сол за да го намалите отокот.rn

7. Миризба во патиките

rnОслободете се од лошата миризба на патиките со тоа што ќе ставите малку сол во нив.rn

8. Дезинфицирајте ги обетките

rnЗа да го забрзате процесот на лечење и да одбегнете инфекции, потопете ги обетките во солена вода.rn

9. Природно средство за чистење на устата

rnОние што ги купувате во продавница содржат многу токсични хемикалии и други вештачки состојки. Токму затоа и можете да ја користите солта како природно средство за дезинфекција на устата.rn

10. Позелена трева

rnИзмешајте две супени лажици сол со пет литри вода и користете го како ѓубриво. Потоа испрскајте ја тревата. Солта содржи магнезиум кој им помага на растенијата да создаваат хлорофил.rn

11. Без суво грло

rnСледниот пат кога ќе се разбудите со суво грло, измешајте чаша топла вода со малку сол и жабуркајте 30 секунди.rn

12. Заштитете ја градината од штетници

rnПред засадување, семето измешајте го со сол, а потоа покријте го со земја. Штетниците ќе бегаат подалеку, додека растението ќе може да расте.rnrnСледно, прочитајте за уште кујнски трикови кои ќе ви го променат секојдневното искуство.