Нашите животи се состојат од денови кои се наоѓаат во нашите дланки и секој од нив постепено се претвора во недели, месеци и години кои ја градат животната приказна. На сите ни се дадени по 24 часа. Ние можеме да живееме низ нив верувајќи дека среќата се постигнува само ако се исполнат одредени услови и околности или можеме да одлучиме да ги оствариме соништата.rnrn
rnrnЗа да го задржите фокусот на остварувањето на соништата и целите и да го извлечете максимумот од секој нов ден, сѐ што треба да направите е да ги погледнете дланките. Секој прст нека претставува еден моќен избор на кој ќе се сконцентрирате сега и ќе се обидете да водите одличен живот, намерно.rn
1. Палец: Ентузијастично кренете ги палците на секој нов ден
rn
rnrnЗапочнете го секој ден со намерата дека ќе си поминете одлично каде и да одите. Кога го почнувате секое утро со оваа мисла, покажувате дека точно знаете кој тип на ден сакате да го создадете за да уживате во него.rn
2. Показалец: Упатете ја вашата енергија во јасна насока
rn
rnrnСекое утро, фокусирајте се на патот по кој сакате да се движите. Дали сакате денес да бидете љубезни, дарежливи или креативни? Дали ќе бидете отворени кон новите идеи и опции? Носете свесни одлуки за што сакате да бидете и каде сакате да одите и потоа насочете ја својата свесност натаму.rn
3. Среден прст: Покажете го средниот прст на стравовите и сомнежот
rn
rnrnМентално покажете го вашиот среден прст на стравовите кои ве задржуваат назад и ве спречуваат да уживате во животот. Вие одлучувате дали вашите темни мисли ќе го контролираат вашиот живот или не. Намалете го гласот на вашиот страв и попуштете го тонот на вашиот фантастичен карактер.rn
4. Домал прст: Посветете се на остварувањето на вашите цели
rn
rnrnСекој ден постојат нешта кои можат да ве донесат поблиску до животот кој го посакувате. Приближете се до личностите кои можат да ви помогнат и да ве поддржат. Преземете ги работите во свои раце и направете го првиот чекор кон среќата и исполнувањето, независно колку тој чекор е мал или голем. Верувајте, резултатите ќе бидат видливи за многу скоро време.rn
5. Мал прст: Најдете време да ги цените малите нешта во животот
rn
rnrnЛесно е да се изгубите во големата слика барајќи го својот сон, но таа голема слика е составена од мали делчиња кои нѐ донеле до тука. Застанете и помирисајте ги розите крај патот. Споделете ја вашата позитивност и инспирација со сите луѓе со кои можете, смејте се и уживајте во тоа и бидете благодарни за сите мали работи.rnrnКога сте весели и ентузијастични, кога секојдневно ја фокусирате својата насока, кога ја имате способноста да се ослободите од стравовите, кога сте посветени и кога ги цените и најмалите работи, тогаш секој ден може да биде добар. И секој добар ден ве носи кон животот кој сакате да го живеете.