КАФЕ ПАУЗА

Овие работи може да ја уништат вашата машина за перење

Овие работи може да ја уништат вашата машина за перење

Ако не сакате вашата машина за перење да се расипе брзо, треба да бидете внимателни што ставате во неа. Ако сакате да заштедите време и пари, никогаш не ставајте ги овие работи во машината за перење.rnrnОвие работи може да ја уништат вашата машина за перењеrn

1. Монети

rnАко монетите завршат во машината за перење, може да направат голема штета. Ако поминат низ филтерот за време на перењето, тие може да завршат во пумпата за одвод и да ги уништат крилцата во одводот. Исто така, тие може да се заглават во цевката за одвод и да го блокираат испуштањето вода од машината за перење, а во ретки случаи може да го оштетат стаклото од вратата.rn

2. Клучеви

rnКлучевите никогаш не треба да завршат во машината за перење, па затоа добро проверете ги сите џебови пред да ги ставите фармерките во машината. Клучевите може да ја изгребат внатрешноста на машината и да го оштетат стаклениот дел од вратата.rn

3. Градник со жици

rnОсвен што жицата од градникот може да ја оштети другата облека, може да ја уништи и гумата на машината за перење.rn

4. Влакна од домашни миленици

rnВлакната од вашето домашно милениче може да ја оштетат машината за перење бидејќи може да се залепат на барабанот или да го заглават одводот.rn

5. Патики

rnНикогаш не перете ги патиките во машината за перење. Не само заради машината, туку и заради самите нив. Дури и кога ги перете на 40 степени, тие се намалуваат.rn

6. Водоотпорна облека

rnПерењето водоотпорна облека воопшто не е добро, бидејќи водоотпорниот материјал може да задржи вода во себе. Ако таа вода одеднаш се исцеди, се создава неурамнотежена состојба во барабанот што може да резултира со дефект на машината за перење.rnrnПогледнете го овој одличен трик како да го исчистите филтерот од машината за перење.