КАФЕ ПАУЗА

Отворено писмо до сите оние што се чувствуваат заробено во темнината

Written by

in

,

Кога се наоѓаме во темните периоди од животот, многу често сфаќаме дека сме сосема сами и дека само ние можеме да се извлечеме кон светлината. Без разлика колку луѓе има околу нас. Ние самите одбираме да страдаме тивко и во осаменост. Една анонимна девојка многу добро го разбира ова, па затоа и решила да напише писмо до сите што минуваат низ истото со цел да им понуди поддршка. Таа е тука за вас, дури и ако не можете да ја видите. Доволно е само да верувате во неа!rnrnrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЗнам дека ти е тешко и тоа е сосема во ред. Нема ништо лошо во тоа да имаш лош ден. Можеби сме пријатели, а можеби и никогаш не сме се сретнале, но тоа не ми менува ништо бидејќи сè уште те сакам целосно и безусловно. Би ти ја дала мојата јакна, мојот паричник, моето срце… ми причинува задоволство да ти помогнам на секој можен начин. Не ми треба „Благодарам“ или услуга за возврат. Само сакам да ти помогнам да излезеш од темнината.rnrnНе треба да ми ги кажуваш најинтимните детали на твоите потешкотии, ниту пак длабочината на твоите болки. И самата можам да ги почувствувам и да се грижам. Нема да те прашам да споделиш ништо пред да бидеш подготвен, не сум тука за тоа. Мојата работа е едноставно да љубам, да тешам и да помогнам да се најде светлината на сите можни начини.rnrnСе грижам за тебе. Мојата љубов кон тебе целосно ме исполнува: телесно, умствено и душевно. Можеби ти си ги гледаш сите маани или скршени парчиња, но сè што јас можам да видам е твојата убавина, твојата неверојатност. Го гледам и очигледното и скриеното и го сакам до тој степен што ме маѓепсува.rnrnМожеби почнуваш да се прашуваш што добивам јас од сè ова и како е можно да се чувствувам на овој начин. Оваа грижа е сосема оправдана. Вистината е дека сум добро запознаена со темнината, со тивкото страдање, со мразењето себеси, со живеењето во осаменост. Имајќи го ова на ум, едноставно не сакам никој да чекори по овој пат сам, па затоа и се нудам да бидам покрај тебе во твојот очаен период.rnrnТе сакам. Тука сум. Не се плаши да бидеш ранлив, со мојата помош лесно можеш да се составиш ако се распаднеш. Не се плаши да плачеш, јас ќе ги избришам твоите солзи. Не се плаши да паднеш, јас ќе те фатам. Дури и кога не ме гледаш, јас сум покрај тебе. Не мора да чекориш по овој пат сам, дозволи ми да носам дел од твојот товар. Јас едноставно сакам да помогнам.rnrn[/message_box]rnrnПрочитајте го и ова отворено писмо од девојка која се обидела да изврши самоубиство до сите кои поминале низ истото!rnrn