Откријте кои се 9-те изненадувачки здравствени придобивки од модрите патлиџани

Сподели

Модрите патлиџани се вбројуваат во здравите намирници кои имаат ниска калориска вредност, обилуваат со хранливи влакна и антиоксиданси, а добри се за здравјето на целиот организам.

Реклама

rn

1. Помагаат во губењето на килограмите

rnМодриот патлиџан содржи високо ниво на вода и спаѓа во нискокалоричните намирници. Овие квалитети го прават идеален избор за личностите кои внимаваат на својата исхрана и кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина. Неговата сунѓереста структура овозможува да го подготвите на разни начини.rn

Реклама

2. Одличен е за здравјето на срцето

rnМодриот патлиџан е изразито поволен за здравјето на срцето. Со негово консумирање можеме да го намалиме нивото на лошиот холестерол во крвта, да го подобриме здравјето на ѕидовите на артериите и да ги опуштиме напнатите крвни жили.rn

3. Помага при одржување на здравјето на мозокот

rnВисокото ниво фитонутриени во модриот патлиџан, помага за здравјето на мозокот штитејќи го од слободните радикали и останатите штетни влијанија. Модриот патлиџан содржи и Б комплекс што ја ублажува телесната и менталната тешкотија. Затоа е подобро да го консумирате модриот патлиџан во поприроден облик, со минимална термичка обработка.

rn

Реклама

4. Содржи малку калории

rnДоколку внимавате на внесувањето калории, тогаш можете безгрижно да јадете модар патлиџан. 200 грама модар патлиџан содржи само 35 калории што е исклучително малку со оглед на неговата хранлива вредност.rn

5. Тој е богат извор на калиум

rnКалиумот е неопходен за одржување здрав крвен притисок и помага во превенција на болестите на непцето. Тој е клучна компонента во борбата против воспаленијата на непцето и артериите.rn

6. Има голем ниво на ГАБА аминокиселина

rnГАБА (гама-аминобутерна киселина) е аминокиселина која ја намалува анксиозноста, го подобрува сонот и ги забавува мислите.

rn

7. Го спречува создавањето на рак

rnНекои истражувања покажуваат дека сокот од модар патлиџан може да го намали ризикот од создавање рак. Всушност, модриот патлиџан содржи трипсин за кој се верува дека помага во неутрализација на клетките кои предизвикуваат рак.rn

8. Им помага на заболените од дијабетес тип 2

rnМодриот патлиџан содржи голема количина хранливи влакна кои го намалуваат количеството на гликоза во крвта, што го прави погоден за здравјето на дијабетичарите.rn

9. Помага кај опстипација

rnОвој зеленчук е одличен против опстипација заради големата количина хранливи влакна. Влакната од зеленчукот ги чистат цревата од токсините и го поттикнуваат редовното варење.

За да ги внесете модрите патлиџани во вашата исхрана, ви предлагаме да го подготвите овој вкусен рецепт.

Најново

Може ќе ве интересира