КАФЕ ПАУЗА

Откријте го најдоброто масло за вашиот тип кожа и нејзините потреби

До неодамна козметичката индустрија во производството на кремите ја избегнуваше употребата на какви било есенцијални масла, бидејќи тие ги „отежнувале“ кремите, ја правеле кожата масна, ги затворале порите и поради тоа предизвикувале разни воспалителни процеси. Денес, есенцијалните масла повторно се во мода! Велиме „повторно“, бидејќи илјадници години пред создавањето на модерната козметичка индустрија, луѓето ги познавале есенцијалните масла и нивната примена, не само во негата, туку и во лекувањето на разни кожни болести.rnrnОна што треба да го нагласиме е дека по нанесувањето, есенцијалните масла се впиваат во слоевите на кожата, односно не остануваат само на нејзината површина, туку длабински ја негуваат и ја хранат. Но, во „морето“ од есенцијални масла многу е тешко да го изберете она кое може да одговара за вашиот тип кожа и нејзините потреби. Исто така, секое масло има своја тежина и намена, а треба да обрнете внимание и на кој начин е изработено, односно на неговата чистина. Купувајте масла од проверени производители и во проверени продавници. Еве неколку основни насоки кои би можеле да ви помогнат во изборот.rnrn1-otkrijte-go-najdobroto-maslo-za-vashiot-tip-na-kozha-i-nejzinite-potrebi-www.kafepazua.mk_rn

1. Масла за масна кожа

rnЗа кожа која е склона кон зголемено излачување на себум, запушени пори, акни и други воспалителни процеси…rnrnМасло од марула – Ова масло се добива од овошјето на јужноафриканското дрво марула. Одлично е за лицата со масна кожа, бидејќи се впива брзо и не остава масни траги. Им се препорачува на оние кои имаат зголемени пори, акни и митесери.rnrnМасло од грозје – Освен што има својства на природен конзерванс, тоа има и антибактериски својства, кои се одлични за кожата која е склона кон воспалителни процеси.rnrnМасло од семки од кајсија – Нежно и лесно масло за млада кожа и секојдневна употреба. Побарајте го во ладно цедена варијанта.rnrnМасло од чајно дрво – Има антибактериски својства, односно го спречува зачепувањето на порите во кои се создаваат воспалителни процеси. Исто така, не ја масти кожата.rnrnПродолжете со читање за да ги откриете соодветните масла за другите типови кожа…rnrn