КАФЕ ПАУЗА

Освежувачки и неодоливо вкусен: Рецепт за чизкејк со лимета

Освежувачки и неодоливо вкусен: Рецепт за чизкејк со лимета

Добриот чизкејк со лимета е вистинско пролетно освежување со сочен крем и крцкава кора. За негова подготовка не ви се потребни големи готварски вештини – доволно е да имате блендер и миксер.rnrnОсвежувачки и неодоливо вкусен: Рецепт за чизкејк со лимета rn

Потребни состојки:

rn

За основата:

rn

    rn 011

  • 180 грама мелени чајни бисквити
  • rn 011

  • 5 лажици путер
  • rn 011

  • 3 лажици шеќер во прав
  • rn

rn

Состојки за филот:

rn

    rn 011

  • 450 грама намаз со сирење
  • rn 011

  • 135 грама шеќер
  • rn 011

  • 60 милилитри сок од лимета
  • rn 011

  • 3 големи јајца
  • rn 011

  • 2 лажици кисела павлака
  • rn 011

  • 1 лажичка кора од лимета
  • rn

rn

Состојки за кремот:

rn

    rn 011

  • 180 грама шлаг крем
  • rn 011

  • 2 лажици шеќер во прав
  • rn 011

  • 2 лажици кисела павлака
  • rn 011

  • ½ лажичка кора од лимета
  • rn 011

  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rn1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.rnrn2. Во блендер сомелете ги бисквитите и измешајте ги со шеќерот и растопениот путер. Треба да добиете смеса како влажен путер.rnrn3. Смесата распределете ја рамномерно на подмачкан калап за торти и печете околу 10 минути сè додека не добие убава златно-кафеава боја. Извадете го калапот од рерна и оставете го настрана.rnrn4. Со миксер измешајте ги намазот од сирење и шеќерот. Додадете ги павлаката, сокот од лимета и кората од лимета и мешајте околу една минута.rnrn5. Постепено додавајте едно по едно јајце сè додека не се соединат сите состојки.rnrn6. Распределете го кремот врз основата и колачот ставете го во рерна околу 30 до 35 минути, додека рабовите не се испечат убаво, а средината не остане малку мека.rnrn7. Оставете го колачот да се излади, а потоа ставете го во фрижидер да отстои околу два часа.rnrn8. Со миксер изматете ги шлаг кремот и шеќерот во прав, додадете ги павлаката, кората од лимета и екстрактот од ванила. Добиениот крем нанесете го врз изладениот чизкејк и веднаш послужете.rnrn9. Украсете со парчиња лимета по желба. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за чизкејк со лимета, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за чизкејк со кокос.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr