Во топлите денови, солените грицки и чоколадните десерти сакаме да ги замениме со лесни освежителни ужини кои ќе ни предизвикаат задоволително чувство во устата.rnrnЗа денес ви предлагаме сладолед на стапче кој брзо ќе го подготвите, а ќе ве врати во детството кога вакви сладоледи секојдневно купувавте од локалната продавница.
Потребни состојки за 8 сладоледи (зависно од големината на калапите):rn
- rn011
- 4-5 портокали
- 620 мл сладолед од ванила
- 1 лажичка рендана кора од портокал
- 250 мл шлаг пена
rn011
rn011
rn011
rn
rnНачин на подготовка: Најпрво исцедете ги портокалите и потоа блендирајте ги заедно сокот, ренданата кора и сладоледот. Откако убаво ќе се измазни смесата, сипете ја во модлите, но притоа оставајќи ги празни на 3 прсти од крајот. Потоа измиксирајте ја шлаг пената до степен кога ќе почнат да се прават меки меурчиња. Немојте премногу да ја зацврстите. Дополнете ги модлите со шлагот, ставете стапчиња и пикнете ги во замрзнувачот.rnrnОвој рецепт можете да го правите и со други сокови, но најдобро одговара со оној од цитрусните овошја. Уживајте!
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
