Моделите на чанти за оваа зима се шик, елегантни, функционални, но и необични. Тие се комбинација од сè што ни е потребно за да ги освежиме парчињата облека оваа сезона. Помина речиси повеќе од еден месец откако се збогувавме со плетените чанти и светлите бои што беа хит ова лето. Со доаѓањето на есента, а наскоро и на зимата, неизбежно е менувањето на гардеробата, а со тоа и на додатоците. Од нив, секако, најпотребна ни е чантата. Проверете кои модели ќе бидат во тренд оваа сезона.rn
1. „Bucket“ (букет) чанта
rnОвој модел на чанта е сè повеќе популарен, особено кај помладата популација, па затоа оваа сезона е задолжителен. Сите нијанси и големини се во мода и совршено се вклопуваат со речиси сите комбинации на облека.rnrn
rn
2. Кружна чанта
rnОваа чанта се одликува со разиграна форма и е во мала предност оваа сезона во споредба со овалните чанти. Најдобро од сè е што може да се носи со деловна облека, а совршено одговара и за ноќно излегување.rnrn
rn
3. Чанта во облик на полумесечина
rnОсобено популарна оваа сезона, чантата во облик на полумесечина ќе ви даде шик изглед. Овој модел е модерен и удобен, и за кратко време успеа да ги освои срцата на многу следбенички на модата како и инфлуенсерки.rnrn
rn
4. Овална чанта
rnИако овој модел се карактеризира со необична форма, сепак остава впечаток на класика, а тоа е сосема доволно за да одговара на тековните трендови. Нема да се покаете доколку се одлучите за ваков модел затоа што подеднакво може да се вклопи во сите комбинации, без разлика дали станува збор за дневно или ноќно излегување.rnrn
rn
5. Преголеми чанти
rnОвој модел на чанта е хит и оваа сезона. Како што кажува името, оваа чанта е доста практична затоа што може да собере буквално сè што ви е потребно што ја прави да биде вонвременска.rnrn
rnrnОткако откривте кои модели на чанти ќе бидат во тренд оваа сезона, можеби ќе сакате да дознаете и кои 5 модели на чизми се хит оваа есен.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs
