Не мора да посегнувате по аналгетици и смрзнати зеленчуци од вашиот фрижидер. Сѐ што треба да направите во случај на заобоболка е да посегнете по шкафчето со зачини во вашата кујна. Извадете го садот со каранфилче.rnrn
rnrnКаранфилчето најчесто се користи како додаток во варено вино, некои го додаваат и во одредени јадења, но верувале или не, тоа има антивоспалително дејство, па ќе ви помогне да се ослободите од забоболката додека да трепнете.rnrnСтавете цело каранфилче во уста и загризете го меѓу здрави заби за да го испушти маслото. Држете го омекнатото каранфилче на болниот заб околу 30 минути. Потоа плукнете го. Процесот можете да го повторите неколку пати во текот на денот со цел да ја олесните болката додека да отидете на забар.rnrnДоколку каранфилчето ви создава непријатно чувство меѓу забите, послужете се со газа. Ставете неколку каранфилчиња во газа и направете мало торбиче. Исчукајте ги каранфилчињата со чекан за месо за да го испушти своето благотворно масло и така навлажнетата газа поставете ја на болното место.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.