КАФЕ ПАУЗА

Понекогаш тоа што ќе го добиете е подобро од тоа што сте го посакувале

Понекогаш она што ќе го добиете е подобро од она што сте го посакувале

Written by

in

,

Сите ние имаме претстава каков живот би сакале да живееме. Кога станува збор за замислената иднина сите сме експерти и понекогаш толку многу знаеме да се занесеме што не сакаме да прифатиме ништо друго.rnrnМожеби си мислите дека тоа што не прифаќате ништо помалку од она што сметате дека го заслужувате е доказ за вашата упорност и решителност, но тоа не е секогаш случајот особено кога се работи за љубовните врски. Вие на тој начин само се лажете дека контролата на работите е во ваши раце. Вие сте главните. Вие одбирате што сакате и нема да се помирите со ништо помалку од тоа.rnrnПонекогаш она што ќе го добиете е подобро од она што сте го посакувалеrnrnЗа жал, во реалноста работите не функционираат баш така. Можеби нема да ви се чини како многу продуктивно тоа што ќе се откажете од она што сте го сакале, но тоа е всушност најбрзиот начин да пронајдете среќа. Кога ќе престанете да се држите до вашите очекувања, ќе се отворите себеси кон нови искуства и ќе го доживеете животот на вистински начин.rnrnКлучот е да прифатите дека сѐ е минливо, да бидете отворени кон промени и да го цените она што го имате сега. Добро е да имате цели и планови и дефинитивно треба да се обидете да ги реализирате, но немојте да мислите дека сѐ ќе испадне совршено.rnrnСте запознале момче што ви се допаѓа? Супер! Запознајте го, но не очекувајте дека тој ќе биде вистинскиот или вашиот иден партнер. Сакате да дадете отказ од работа и да почнете свој бизнис? Одлично! Но, немојте да мислите дека така ќе заработите милиони.rnrnЖивотот станува многу подобар кога ќе престанеме да го претвораме во нешто што не е. Животот е таков. Чуден, непријатен и понекогаш страшен. Ниту еден план или дејство нема да го променат тоа.rnrnДоколку сакате да бидете среќни, мора да одберете да бидете среќни уште веднаш. Не треба да се грижите за тоа што ќе се случи за 5 години, 5 дена, па дури ни за 5 минути. Имајте на ум дека каде и да сте, таму сте каде што треба да бидете, а останатото ќе се среди само по себе.