Покрај сето она што ни го носи животот, многу е важно да знаеме да се снајдеме и да си олесниме во секоја можна прилика. Затоа денес со вас споделуваме 8 фантастични трикови кои ќе ви помогнат во многу секојдневни ситуации. Можеби некои од нив ги знаете, додека пак за други ќе се запрашате зошто не сте ги дознале порано.rnrn
rnrn1. Без туѓа помош, понекогаш воопшто не е лесно да ја закопчате нараквицата. Во тој случај, послужете се со селотејп и на тој начин фиксирајте го едниот дел од нараквицата за тој да не се лизга, со цел да можете да ја закопчате нараквицата полесно.rnrn
rnrn2. На внатрешната страна од рамката на блузата зашијте лента и низ ние провлечете ја рамката од градникот. На овој начин, рамките нема во секој момент да излезат од блузата и нема да има потреба да ги местите.rnrn
rnrn3. Доколку сакате да го избришете лакот за нокти, а дома немате ацетон, тогаш послужете се со безбоен лак. Намачкајте еден слој и додека не се исуши избришете ги двата лака. Безбојниот лак со себе ќе го повлече и стариот.rnrn
rnrn4. Ароматичните сапуни од лимон даваат свежина без разлика каде и да се наоѓаат. Затоа, ставете ги во фиоките и на полиците за вашата долна облека и гардероба за тие да мирисаат уште поубаво. Со овој трик се служеле нашите мајки и баби.rnrn
rnrn5. Во обувките од кои се шират непријатни миризби ставете платнени кеси наполнети со сода бикарбона и оставете ги да отстојат цела ноќ. Наутро, непосакуваните миризби ќе исчезнат.rnrn
rnrn6. Доколку краевите на врвките од патиките ви се оштетени, тогаш тие знаат да изгледаат доста неуредно. За патиките да изгледаат како нови, откако ќе ги исперете, оштетените краеви од врвките намачкајте ги со безбоен лак.rnrn
rnrn7. Доколку се брзате и забележите дека одреден дел од кошулата не ви е испеглан, тогаш послужете се со пресата за коса. Многу побрзо и полесно ќе го испеглате истутканиот дел и нема да биде потребно да ги местите пеглата и штицата за пеглање.rnrn
rnrn8. Со овој трик шивачките одамна се служат, но доколку до сега не ви паднало на памет, тогаш запомнете дека многу полесно е да зашиете стар градник на фустанот со гол грб отколку да го носите оној со проѕирни рамки или да оставите сè да се гледа. Сè што е потребно е да го исечете задниот дел од градникот, но и рамките, односно треба да ви останат само корпите.rnrn
rnrnВеруваме дека едвај чекате да испробате некој од овие трикови.
8 фантастични трикови кои ќе ви го олеснат секојдневниот живот
