Адријана Лима е една од најубавите жени во светот и со право се наоѓа помеѓу ангелите на „Victoria’s secret“. Токму затоа таа може да ви подели интересни совети за убавина.rnrn
rn
Маскара
rn
„Мојата тајна, кога се очите во прашање, е константно носење маскара“ – вели Лима.
rnТаа истакнува дека секогаш нанесува маскара во повеќе слоеви.rnrn
„Скоро никогаш не ја вадам и постојано додавам нов слој. Иако на многумина тоа им изгледа хаотично, на моите очи тоа им дава посебен шарм. Секогаш ставам и на долниот капак од окото“ – вели таа.
rnrn
Природен изглед
rnДоколку сакате да изгледате убаво, но природно, тогаш според Лима најдобро е да помешате малку пудра со светки или бронзер со вашиот лосион за хидратација на кожа.rnrn
„Тоа ќе ви даде природен изглед, кожата ќе ви добие необичен сјај, а останатите ќе имаат чувство дека немате користено шминка.“
rnrn
Двојна придобивка од карминот
rn
„Понекогаш истиот кармин за усни го користам и на образите. Така сè делува понежно и ненападно, а повторно се постигнува убав изглед.“
rnrn
rn
Моливче за очи
rnПоголемиот дел од жените имаат проблем со нанесување моливче за очи.rnrn
„Доколку малку го навлажните моливчето, ќе ви биде многу полесно да повлечете убава линија.“
rnrn
Масло од семки од лен за коса
rnДоколку сакате косата да ви расте побрзо, маслото од семки од лен е идеално.rnrn
„Не само што косата ќе ви биде посјајна, туку и ќе ви расте многу побрзо од вообичаено.“
rnrn
Не мијте ја косата често
rnСпоред зборовите на Лима, доколку имате сува коса, тогаш немојте да ја миете секој ден.rnrn
„Доколку имате многу, многу сува коса, мијте ја еднаш неделно. Нормално, тука секогаш се разните масла, кои можат да ви го дадат потребниот сјај.“
rnОние дами кои одат во теретана и се потат, препорачливо е почесто да ја мијат својата коса, но притоа да внимаваат каков шампон користат.rnrn
„Најчесто, секоја жена може сама да осети што е добро за нејзината коса“ – вели Лима.
rn
rn
Бразилско фенирање
rnЗа нејзе бразилското фенирање е феноменална работа. Таа го препорачува на сите кои имаат брановидна коса.rnrn
„Мојата коса делува многу здраво, а третманот го применувам на секои два месеци. Она што е сигурно е дека веќе не можам да живеам без овој третман, бидејќи многу ми го олесни животот, со оглед на тоа што имам долга коса и доволно е само да ја измијам и да изгледа феноменално“ – истакнува таа.
rnrn
Здрави намирници
rnТаа смета дека многу е важно што внесувате во својот организам, бидејќи тоа е многу важно за кожата, косата и ноктите.rnrn
„Доколку не се храните здраво, тоа ќе излезе на виделина, бидете сигурни. Исхраната е многу важна, затоа внимавајте што јадете.“
rnrn
Диета
rnТаа најчесто не држи диети освен пред големите ревии. Нејзиното мени се состои од многу зеленчук. Обожава спанаќ, а зеленчук јаде и за појадок.rnrn
„Доколку сте зависни од постојано грицкање нешто, тогаш ви препорачувам капини или боровинки, кои се многу подобри од стандардните грицки.“
rn
rn
Вежбање
rnТаа обожава да оди во теретана, а најмногу сака да скока на јаже. Посебно ѝ се допаѓа тоа што јажето може да го носи секаде со себе, дури и кога патува.rnrn
„Минималното време посветено на скокање со јаже може да ви биде 10 минути, а тоа е исто како да сте трчале 35 минути. Инаку, јас обично скокам со јаже и по еден час, а за тоа време согорувам повеќе од 1.000 калории“ – вели таа.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
