3 будистички верувања кои целосно ќе го сменат вашиот свет и ќе ве направат многу посреќни

Сподели

Не мора да вежбате јога, ниту да ја следите ајурведската исхрана за да можете да имате придобивка од будистичките верувања. Погледнете ги наредниве 3 мисли кои имаат моќ да ви го променат животот.

Реклама

rn

1. „Dukkha“ – Животот е болен и предизвикува страдање

rnМногу луѓе велат дека Будизмот е песимистички или негативен и токму оваа мисла е една од многуте причини за овие верувања. Таа јасно ни вели дека животот е страдање, но приказната не завршува тука. Оваа мисла не само што ни вели дека животот е тежок и дека треба да се помириме со тоа, туку исто така нè учи и дека ако се држиме долго до одредени очекувања, материјални нешта или ставови, тоа често може да доведе до фрустрации, разочарувања и други видови болка. Токму затоа наместо да се плашите од вашето страдање и да се обидувате бескрајно да барате решение, вие можете едноставно да научите како да си го признаете овој тежок период и да продолжите понатаму.rn

Како може да се искористи ова верување во секојдневието?

rnОбидете се да не се држите до идејата дека нешто не е во ред со вас. Гледајте на сите оние лоши нешта во животот како на нешта кои едноставно се дел од самиот живот. Вежбајте прифаќање и заборавете на идејата дека за да бидете среќни мора да го живеете животот лесно и без болка, емоционална или физичка. Обидете се да ја прифатите несовршеноста на светот и да се ослободите од идеалната слика за животот.rn

2. „Anitya“ – Животот е во постојан тек

rnНепостојаноста е она што го карактеризира животот и токму таа укажува на фактот дека тој е во постојан тек. Ние никогаш повторно нема да го доживееме она што поминало, ниту пак ќе можеме повторно да го создадеме. Како што поминуваат деновите, така ние се менуваме и нашите мисли се развиваат. Исто како што секојдневно се менува температурата на воздухот. Сè околу нас е различно. Секогаш. Токму затоа кога се чувствувате неудобно, концептот за непостојаноста може да биде многу утешителен. Со други зборови, ако ништо не е трајно, знаеме дека со тек на време ќе помине и нашата болка.rn

Како може да се искористи ова верување во секојдневието?

rnНаместо да им се противите на промените, почнете да ги славите. Прифатете дека сè околу вас постојано се менува и одеднаш светот околу вас ќе стане неверојатен. И покрај тоа што самата непостојаност може да ви звучи застрашувачка, таа ви помага да почнете да ги цените сите оние нешта кои ги доживувате во сегашноста: вашите врски, телото, расположението, здравјето, времето, вашите омилени чевли, работата, младоста… Никогаш не заборавајте дека сè во животот поминува, па токму затоа уживајте во овие моменти најмногу што можете.rn

3. „Anatma“ – Своето јас секогаш се менува

rnИзгледа дека во денешно време владее мислењето дека луѓето никогаш не се менуваат. Но, според Будизмот, не постои личност која до крајот на својот живот ќе остане непроменета. Баш напротив, започнувајќи од нашите клетки, сеќавања, мисли па сè до нашето искуство, сè она од што се состои нашиот идентитет со текот на времето се менува.rn

Како може да се искористи ова верување во секојдневието?

rnНаместо да се фокусирате на задачата да „се пронајдете себеси“, обидете се да се фокусирате на создавањето на онаа личност која вие посакувате да бидете. Можно е да бидете и да се чувствувате поразлично од она што сте биле или чувствувале вчера. Доколку сте сега депресивни, не мора да значи дека ќе бидете вечно депресивни. Сите ние ја поседуваме способноста да им простиме на другите, но и да си простиме на себе и откако ќе го сфатите ова, работите ќе тргнат во подобра насока.

Популарно

Може ќе ве интересира