Секоја жена ужива во средувањето и дотерувањето. Шминката пак е тука за да ги скрие сите нејзини несовршености. Некогаш можеме да ја нанесеме во огромни количини, односно повеќе отколку што ни е потребно. Но, тоа е само непотребен трошок. Доколку трошите премногу пари за купување шминка, тогаш ова се советите кои ќе ви помогнат да заштедите и максимално да го искористите секој мејкап производ.rnrn
rn
1. Немојте да купувате големо пакување маскара
rnЧестопати како поклон со другите купени производи добиваме маскара. Притоа маскарата по еден месец го губи својот квалитет, па затоа најдобро е да ги избегнувате големите пакувања.rn
2. Исечете го пакувањето
rnДоколку шминката се наоѓа во туба или во пакување од кое не можете да ја истиснете во целост, тогаш земете ножички или нож и исечете го пакувањето. Овде се крие шминка која можете да ја искористите уште неколку пати. Доколку одите на патување, понесете ја таа шминка која ви е при крај, па нема потреба да купувате нова.rnrn
rn
3. Не купувајте млеко за бришење на шминка
rnБебешкиот шампон е идеален кога е во прашање бришењето на шминката. Тој не предизвикува иритација на очите, а прилично е поевтин од разните млека и тоници за отстранување на шминката.rn
4. Гледајте туторијали
rnЗа да не фрлате пари на производи кои нема да ви одговараат, гледајте видеа од бјути влогерите на Јутјуб. Тие ќе ви понудат неколку совети, кои ќе можат да ви помогнат при изборот.rn
5. Прашувајте за бесплатни примероци
rnНекои парфимерии потполно бесплатно ќе ви дадат примероци од некои производи, а сè што е потребно да направите е да побарате.rnrn