Есента е најубавото годишно време за нова љубов, нови почетоци и планови, но и за испробување нови мејкап трикови. Во неа царуваат боите на златото, бронзата и кафеавите тонови. Тие се топли, а сепак во секоја од нив преовладува некоја мистичност. Погледнете ги и испробајте некои од нив во вашата шминка.
rn
1. Сребрена сенка
rnПогодна е за вечерни излегувања. Таа го отвора погледот, особено ако интензивните нијанси се нанесуваат на внатрешните агли на окото.
rn
2. Усни во боја на црвено вино
rnТемните кармини се хит за оваа сезона, но бидете безгрижни и секогаш одберете го оној со мат текстура.
rn
3. Сина сенка за очи
rnНо не онаа стандардната, бебешко сина нијанса, туку кобалтно сина, која совршено ќе го надополни секој ваш изглед.
rn
4. Нежно розови усни
rnКој вели дека овие нијанси се резервирани само за летните денови? Понесете ја оваа „бонбон“ боја на усни уште вечерва, со една мала напомена – остатокот од шминката не треба да биде пренагласен.
rn
5. Сјајни црвени усни
rnПрва лекција за заводливост: црвените усни ќе бидат уште посовршени доколку се сјајни. Едно е сигурно – ќе ги мами момците за бакнежи!
rn
6. Зачадени мачкини очи
rnСовршен изглед кој одлично се вклопува во „даркерски“ стилови. За овој изглед да биде полн погодок, облечете што било од кожа – јакна, здолниште, панталони… Сигурни сме дека ќе ве следат погледи каде и да се појавите.
rn
7. Цик-цак ајлајнер
rnНеконвенционално нанесениот ајлајнер е идеален ако сте одлучиле да одите на журка со електронска музика. На усните нанесете крем боја на кармин, за целото внимание да биде насочено кон вашите очи.
rn
8. Металик зачадени очи
rnСо малиот црн фустан не ви е потребно ништо друго освен елегантно нашминкани очи. Ваквиот изглед е идеален се за вечерно излегување, но и за дочекот на новогодишната ноќ.

