Од бринета до русокоса: Тест кој ви открива дали сте спремни за голема промена

Сподели

Размислувате да преминете од бринета во русокоса? Тогаш ве очекуваат многу комплицирани и скапи фризерски третмани, пред коишто би требало да одговорите на следниве 4 прашања и да утврдите дали сте спремни за оваа драстична промена.

Реклама

rn

1. Дали русата боја одговара на вашата боја на кожа?

rnПепеласто руса коса добро ќе им стои на жените со ладни бои на кожа, додека златната нијанса ќе им прилега повеќе на жените со топли нијанси. Важно е да знаете дека русата боја на коса ретко им прилега на жените со жолта боја на кожа. Но, ако како дете сте имале руси прамени на косата, тогаш дефинитивно сте спремни за промена.rn

2. Дали сте спремни да трошите пари за фарбање?

rnУспешната трансформација од бринета во русокоса не доаѓа преку ноќ. За да се постигне ова често се потребни неколку третмани за да ја добиете посакуваната нијанса. Секако, тоа не е евтино и ако знаете дека моментално не сте во добра финансиска ситуација, тогаш подобро е да почекате со фарбањето.

rn

3. Дали вашата коса е во добра состојба?

rnБез здрава коса нема успешно фарбање, па ако сакате да се впуштите во ваква голема промена, важно е да проверите во каква состојба е вашата коса.rn

4. Можете ли да се откажете од пеглата и фигарото?

rnПреминувањето од бринета во русокоса дефинитивно ќе ја оштети вашата коса до одредена мера, па токму поради тоа после фарбањето морате да избегнувате користење на пегла и фигаро со цел да ја заштитите.

Популарно

Може ќе ве интересира