Рускиот психолог Михаил Лабковски, со пракса подолга од 30 години, испрати апел до сите родители. Неговата порака е толку едноставна и директна, што ниеден родител не би можел да остане рамнодушен откако ќе ја прочита.rnrn
rnrnСите сме само луѓе и понекогаш го губиме трпението со децата. Избувнуваме затоа што веќе сме имале наталожен стрес од други фактори во нашето секојдневие. Сепак, иако тоа може да е причината, не треба да биде и изговор за да го истураме нашиот бес врз децата. Ако ние не сме совршени, треба барем да се обидеме од нашите деца да направиме подобри луѓе од себеси.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn„Пријатели, сакам да ви кажам зошто не смеете да го тепате детето (ако од некои причини тоа не ви е очигледно).rnrnКога сме во состојба на стрес, како во ситуација кога над главата ни виси некоја закана, ни се потсмеваат или ни се нанесува физичка болка – во крвта се ослободува група на т.н. глукокортикоидни хормони. Ова се хормони на стрес кои се одговорни за реакција на нападот: удри или бегај.rnrnОвој процес е прилично сложен и има долготрајно дејство врз телото. Заради тоа кај децата во присуство на родителите (посебно мајките) овие хормони не се ослободуваат во крвта. Така природата го штити телото на детето во развојот од дополнителни оптоварувања.rnrnАко родителот самиот постане извор на стрес, тогаш детето нема да го перципира тоа насилство како опасност. Поточно, нема да има стрес, тоа нему му е нормално, сѐ е во ред. Така мора да биде бидејќи доаѓа од родителите.rnrnШто мислите, во каква личност ќе израсне вашето дете кое од мали нозе верува дека насилството и агресијата се нормални нешта?rnrnА што ќе се случи со детето кога ќе дојде во контакт со вистински закани од возрасни личности?rnrnЌе ви одговорам од психолошка, а не од филозофска гледна точна. Постојат две сценарија: детето или ќе постане агресор или жртва.rnrnТепањето на децата значи кршење на нивната верба во животот.rnrnВе молам да најдете сила во себе и да сфатите колку не е во ред да се тепаат децата.rnrnМожно е и сами да сте биле тепани како деца и сигурно до ден-ден се сеќавате на тој ќотек како на најболната работа од вашето детство.rnrnПријатели, ова е многу сериозна и многу важна тема. Искрено се надевам дека ќе сфатите за што ви зборувам.“[/message_box]rnrnПрочитајте го и овој совет од најпознатиот руски психолог советува: Менувајте се себеси, а не другите!
Објаснување од психолог кој го обиколи светот: Што се случува кога мајката го тепа детето?
