КАФЕ ПАУЗА

Нова техника за фарбање на косата која ќе ја обележи оваа пролет

По низа техники кои вклучуваат неколку бои на вашата коса, дојде редот на нов тренд познат како ливд-ин (lived-in). Станува збор за специјална техника со која се создаваат нијанси што го имитираат природниот изглед на косата која добила посветли прамени под влијание на сонцето.rnrn(0) Нова техника за фарбање на косата која ќе ја обележи оваа пролетrnrnЦелта на оваа техника е вашата коса да остане што поприродна, така што треба да се создадат што подискретни нијанси. Добрата страна на овој тренд е тоа што подеднакво им одговара и на русокосите и на бринетите и на црвенокосите – што е и причината поради нејзината ненадејна распространетост ширум светот.rn

За русокоси – Светли прамени

rnОвој тренд е совршен за пролетта, но со негова помош можете и да ја освежите вашата боја, бидејќи дополнителниот слој ќе ѝ даде сосема нов изглед на вашата коса. Потемната руса треба да се освежи со посветли нијанси кои изгледаат многу природно, како косата да ви осветлила за време на сончањето.rnrn(1) Нова техника за фарбање на косата која ќе ја обележи оваа пролет (2) Нова техника за фарбање на косата која ќе ја обележи оваа пролетrn

За бринети – Комбинација од руса и кафеава боја

rnОваа комбинација особено им одговара на природните бринети бидејќи овозможува меки, светли тонови кои ја прават вашата коса посветла, но и природна. Бринетите треба да се фокусираат на темниот корен, бидејќи токму од него косата почнува да поприма нијанси на светла руса, токму кај корените на врвовите. Оваа нијанса најдобро ќе им стои на девојките со посветол тен.rnrn(3) Нова техника за фарбање на косата која ќе ја обележи оваа пролет (4) Нова техника за фарбање на косата која ќе ја обележи оваа пролетrn

За црвенокоси – Различни бои на јагода

rnПриродните црвенокоси можат да го освежат својот изглед така што ќе додадат различни црвени нијанси на својата природна боја. Овој тренд е совршен за пролетта, токму поради својата топлина. Тој изгледа преубаво на дневната светлина и одлично им стои на дамите со светол тен. Но, тоа не значи дека нема да изгледа добро и на девојките со потемен и маслинест тен.rnrn(5) Нова техника за фарбање на косата која ќе ја обележи оваа пролет (6) Нова техника за фарбање на косата која ќе ја обележи оваа пролет