Постојат многу работи што можат да ви го расипат расположението во текот на денот, а откривањето нови акни на вашиот нос е можеби најлошото изненадување што постои. Особено кога треба да излезете со личноста што ви се допаѓа или кога имате важен состанок на работа. Но, изгледа дека има една позитивна страна на ова, што без сомнение ќе ве насмее кога ќе ги забележите.rnrn
rnrnИ покрај тоа што можеби се нервирате поради акните, добрата страна е што ова е најчесто знак дека на долг рок ќе изгледате помлади од вашите пријатели. Можеби и веќе сте чуле досега дека акните можат да ја заштитат вашата кожа од стареење, но целиот тој процес до скоро беше многу нејасен. Благодарение на научниците, денес го имаме одговорот. Изгледа дека тајната се крие во теломерите.rnrnЗамислете ги теломерите како пластичните врвови што се наоѓаат на врвот на врвките. Пластичните врвови ги штитат врвките од распаѓање, исто како што и теломерите ги штитат хромозомите од истото. Секој пат кога клетката се дели, теломерите стануваат пократки. И токму овој процес е поврзан со стареење и повисок ризик од смрт.rnrnИзгледа дека луѓето кои се склони на акни имаат подолги теломери во споредба со оние „среќниците“ со чиста кожа. И токму затоа нивните клетки се малку подобро заштитени од знаците на стареење како брчките или слабеењето на кожата.rnrn
rnrnСтудијата била спроведена на 1.205 жени близнаци. Учесничките пријавиле дали некогаш страдале од акни и како успеале да се справат со овој проблем. Потоа истражувачите ја мереле должината на нивните теломери. Според резултатите, околу 1/4 од близначките имале проблеми со акни и токму тие имале значително подолги теломери од другите жени.rnrnИстражувачите предупредуваат дека се потребни повеќе студии со цел да се докаже поврзаноста помеѓу акните и побавното стареење. Но, според тоа што го знаеме досега, можеме конечно да престанеме да се нервираме кога ќе видиме нови акни на нашето лице!rnrnДали сте знаеле и дека мобилните телефони можат да предизвикаат акни и други проблеми со кожата на лицето?
Нова студија покажува дека луѓето што страдаат од акни стареат побавно
