Моторџиската кожна јакна е едно од омилените парчиња облека на секоја девојка, но сега изгледа дека има силна конкуренција. До мината есен, таа беше најчесто гледаниот модел на улиците, но сега сè почесто гледаме малку поинаков модел. Станува збор за малку поширок и поедноставен модел кој ги освои трендсетерките и љубителките на модата.rnrn
rnrnЗборуваме за кожното сако! Овој удобен и топол модел ќе ја освои есента годинава и без сомнение ќе го гледате насекаде околу вас кога време ќе залади. Кожното сако било актуелно во 90-тите години, и со воодушевување се пречека оваа сезона. Кожното сако лесно се вклопува во лежерни варијанти, но и во елегантни и формални. Тоа навистина изгледа шик.rnrn
rnrnНајдобро оди со фармерки, панталони, фустани, здолништа… на кратко, тоа оди со сè! Дефинитивно е парче облека во кое треба да се инвестира. Па, ако ве заинтересиравме, инспирирајте се од фотографиите на овие три девојки кои успешно го комбинирале, притоа привлекувајќи ги сите погледи кон нив!rnrn
rnrnПогледнете ги и овие 3 есенски парчиња облека што никогаш не излегуваат од мода.
