Ништо не може да ги возбуди повеќе мажите од жената која го живее својот живот со полни гради. Колку повеќе е застапена глобализацијата, толку повеќе луѓето се заситени и неодлучни заради изобилството на избори кои ги имаат. Затоа е многу важно да оставите силен впечаток на вашиот потенцијален партнер. Не само да изгледате убаво, туку да имате и извонредна личност. Широко распространето мислење во општеството е дека надворешната убавина е нешто објективно, а внатрешната нешто субјективно, додека вистината е спротивна. Жената која плени со внатрешната убавина е сочувствителна, интелигентна и со жива природа. Еве на кои особини момците едноставно не можат да останат рамнодушни.
rn
1. Попаметни сте од партнерот, но не го исмејувате
rnСите сакаме да пронајдеме партнер кој ќе биде подобар од нас, а ова особено важи за мажите. Секој маж ќе посака покрај себе да има жена благодарение на која ќе може да научи нешто ново или да стане подобра личност.rn
2. Вие сте силна, но истовремено и нежна жена
rnЖената која е силна и агресивна, но има и своја нежна и чувствителна страна (и знае како да ја покаже) ќе го освои срцето на секој маж.
rn
3. Независни сте, но подготвени за заеднички живот
rnВо природата на мажите е да освојуваат, па токму затоа и ќе му бидете најпривлечни тогаш кога ќе мора да се бори за вас. Наместо да му дадете чувство на цврсто тло и да му дозволите да ве сфати здраво за готово, секојдневно поттикнувајте го одново да ја освојува вашата љубов и почит.rn
4. Непредвидливи сте, но секогаш сте тука за него
rnЗа поголемиот дел од луѓето предвидливоста е синоним за досада, бидејќи предвиденото значи само едно – дека резултатот е одамна познат. Предвиденото го убива нашето возбудување, но од друга страна, потребен ни е и партнер на кој можеме да се потпреме. Жената која успева да го оствари овој баланс е една во милион.
rn
5. Вие сте му најголема инспирација и мотивација
rnЖивот без движење не би постоел, а истото важи и за меѓучовечките односи – врската е жива материја и за мажите не постои ништо полошо од ситуацијата во која има чувство дека стагнира. Ако сте по природа живи и позитивни, тогаш ќе му станете најголема инспирација и мотивација. А тој ќе знае и како да ви го возврати тоа.rn
6. Страсни сте
rnМажите веднаш паѓаат на жените кои го живеат својот живот со полни гради – жената која многу добро знае што сака, и како да го исполни тоа. На тој начин и тој ќе има подобра претстава за тоа во кој правец би требало да се насочи неговиот понатамошен живот.
Но, и мажите имаат свои џентлменски особини со кои ја воодушевуваат нивната поубава половина.

