Оваа прекрасно дизајнирана вила осмислена до најмалиот детаљ ќе ви украде по некоја воздишка. Иако не сме заинтересирани за купување, да направиме мала тура низ вилата и патем да „украдеме“ по некоја идеја.rnrnОд застаклениот балкон на долниот влез, скалите покрај гаражата водат до отворен балкон пријатен за апсорбирање на сончевите зраци. Подот е прекриен со луксузен мермер и води до вториот влез во куќата од северната страна.rnrn
rnrnДо влезот се протега трпезаријата која со стаклен покрив е осветлена од дневната светлина, а со помош на стаклени врати таа е затворена на зима, а отворена и споена со балконот во летните месеци за дополнително уживање. Кујната пак, е дизајнирана исто така со целосни, шибер врати, така што може да биде посебна просторија или да се отвори и да функционира како дел од отворените простории.rnrnВо дневната се наоѓа голем луксузен камин кој остава впечаток на интимност. Големо внимание е ставено на стаклените врати и прозорци со цел целосно да се искористи дневната светлина и убавиот поглед кон природата, кој е уште поубав од терасите на горните катови.rnrnЦелото место е совршено дизајнирано за вљубениците во уметноста, оние кои сакаат мирен и удобен дом, но и зафатените на кои добро би им дошло релаксирање во сопствениот дом. Во вилата има и сауна и внатрешен базен дизајнирани во топли црвено-златни нијанси. Од надворешниот дел оваа просторија е одделена со големи стаклени врати од подот до таванот низ кои допира дневната светлина.rnrnНа горниот спрат се спалните соби и купатилата. Главната спална има камин, гардеробер и купатило, што ја прави удобно и приватно место.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.














