КАФЕ ПАУЗА

Несигурности што исчезнуваат кога сте сигурни во стабилноста на вашата љубовната врска

Знаете дека вашиот однос има шанса да потрае и работите поради кои бесмислено се нервирате исчезнуваат самите од себе. Вие се чувствувате добро, вашата самодоверба расте со онаа брзина со кој се намалуваат и исчезнуваат бројните несигурности кои ве оптоварувале на почетокот на врската.rnrn1-nesigurnosti-koi-ischeznuvaat-koga-ste-sigurni-vo-stabilnosta-na-vashata-ljubovnata-vrska-www.kafepauza.mk_rn

1. Исчезнува неверувањето

rnПремногу добро за да биде вистинито? Не, туку баш онака како што треба да биде, а никогаш не е премногу од добрите работи. Единствено што вие не сте се навикнале да се чувствувате добро и што постојано сте очекувале да се појават скриени пречки и да ја оправдаат вашата несигурност. Но времето поминува, вам ви е и понатаму добро, а тој не се претворил во психопат, не ве повредил и не ве издал, дури изгледа дека ве сака сѐ повеќе. Кога ќе сфатите дека баш така и треба да се одвива врската која има шанси да потрае и успее, ќе се опуштите.rn

2. Исчезнува љубомората

rnОсобено онаа која се однесува на неговите другарки и пријателки. Вие сте нова во неговиот живот, а тие не се и не знаете како се одвиваат работите помеѓу нив, дали имаат некаква историја или дали некоја од нив има скриени намери. Сите тие сомневања и претпоставки кои ги имате можеби се точни, но воопшто не се важни. Тие и понатаму се негови пријателки, а вие сте негова девојка.rn

3. Исчезнува чувството на двоумење кога се во прашање тешките теми

rnДали е премногу рано за да разговарате за траумите од детството, дијагнозите, стравовите, емотивните повреди од претходните врски, семејните проблеми и сите останати тешки теми? Кога ќе почувствувате дека можете да му верувате и да му кажете што било за себе и за вашите најблиски, дека нема потреба да имате какви било тајни пред него, ќе ви олесни. Довербата поврзува и обврзува.rn

4. Исчезнува грижата за неговите бивши девојки

rnТој можеби има еден од оние пријателски односи со неговата бивша девојка, што всушност воопшто не изгледа така. Бившите врски и онака се вградени во нас и скицираат добар дел од нашата емотивна мапа – добрите и пријателски односи помеѓу бившите партнери се многу поздрави отколку односите исполнети со мразење и индиферентност.rnrn2-nesigurnosti-koi-ischeznuvaat-koga-ste-sigurni-vo-stabilnosta-na-vashata-ljubovnata-vrska-www.kafepauza.mk_rn

5. Престанувате да барате совршеност

rnНе постои идеален однос, ниту идеални луѓе, но затоа постои она оптималното, најдоброто што го можете, она кое го градите од материјалите со кои располагате. Повеќе немате потреба да го идеализирате партнерот и не стравувате од неговите слабости и недостатоци и многу повеќе го цените тоа што некого навистина го познавате, отколку сликата која сте ја имале за него на почетокот.rn

6. Престанувате да го споредувате сегашниот однос со претходните врски

rnСекогаш има нешто слично во секоја врска и нешто кое е потполно ново и различно. Искуството не служи за да мерите и да проценувате, туку да се ориентирате во однос на тоа колку сте напредувале, колку сега подобро го разбирате и го прифаќате партнерот таков каков што е и колку подобро се чувствувате во врска со себе.rn

7. Прифаќате дека фазата на меден месец е помината

rnПовеќе не сте во фазата да не можете да ги тргнете рацете еден од друг, но не се грижите за тоа. Се појавила нова и постојана топлина наместо силна сексуална глад, а опуштеноста, интимноста и довербата стануваат сѐ посилни, го прават вашиот секс подобар, иако не сте толку силно заинтересирани за тоа.rn

8. Повеќе не ви е грижа за тоа што тој и не е баш ваш тип

rnВоопшто, сите ваши врски со вашите типови мажи, завршиле неславно и на прилично сличен начин, така што тие ве повредиле, изневериле, издале… Разликите кои постојат помеѓу вас ја збогатуваат вашата врска, а тоа што тој и не е ваш тип, го прави посебен и ве спасува од погрешни претпоставки и однапред донесени заклучоци. Во нешто сигурно се сложувате, штом толку добро ви оди.rnrn3-nesigurnosti-koi-ischeznuvaat-koga-ste-sigurni-vo-stabilnosta-na-vashata-ljubovnata-vrska-www.kafepauza.mk_