Некогаш се чудите колку брзо лета времето. Некогаш пак чекате за да почнете да живеете. На некој магичен начин го чекате оној период во иднина кога ќе имате подобро работно место, стабилна љубовна врска, поголем успех на лично и професионално поле. Но факт е дека времето навистина брзо лета, и без оглед на вашите соништа и стремежи за иднината, едноставно мора да паузирате и да најдете време за некои важни нешта во животот. Ова се работите за кои веднаш треба да почнете да наоѓате време со цел да живеете поисполнет и посреќен живот.rnrn
rn
1. Грижете се за себе
rnНе чекајте да дојдат проблемите за да обрнете поголемо внимание на вашето здравје. Со ова брзо темпо на живот ретко кој вистински обрнува внимание самиот на себе. Задолжително имајте макар мал период во денот кој ќе си го посветите само себеси, одете на прошетки во природа, хранете се здраво, разгалете се со масажа после долгиот и напорен работен ден, легнете си порано и наспијте се добро.rn
2. Задолжително посветете внимание на вашето хоби
rnВашето хоби постои за да ја истакне вашата креативна страна, тоа е она што навистина уживате да го правите, она во што вложувате страст и напор дури и ако знаете дека нема да ви донесе многу финансиски средства. Хобито ве исполнува и не го изоставувајте.rnrn
rn
3. Водете долги разговори со вашиот партнер
rnКажете како се чувствувате, покажете дека имате време и интерес да чуете како се чувствува вашиот љубовен партнер. Не само што ќе ја зајакнете вашата врска туку и ќе си го олесните емоционалниот товар. Некогаш сè што ни треба е човек кој е подготвен да нè ислуша.rn
4. Слушајте ги другите без да осудувате
rnКога ќе ви се јави некој кој очигледно е вознемирен, или доколку вашиот/ата пријател/ка не ви изгледа добро, посветете малку време и сослушајте ги. Слушајте наместо да зборувате, покажете дека сочувствувате со нив и дека не ги осудувате. Секогаш наоѓајте време во животот за одржување на врските со семејството и пријателите. Тоа е инвестиција која добро се исплаќа. Среќни се луѓето кои имаат кому да се доверат.rn
5. Читајте добри книги
rnБез оглед колку сте зафатени, секогаш имате време за добра книга. Прочитаните книги се дел од вашето животно искуство, секогаш наоѓајте време да се дружите со книгите.rnrn
rn
6. Пишувајте белешки рачно
rnВо денешно време со толку напредната технологија, се чини дека ракописот на некој начин е потценет. Испратете им писмо или честитка на најблиските, запишете на лист како се чувствувате. Тоа се нештата кои остануваат запаметени и кои секогаш може да бидат дел од нечија кутија со спомени. Создавајте таков вид спомени.rn
7. Пејте
rnПод туш, додека готвите, додека бришете прозорци или се подготвувате за на работа. Пејте дури и ако сметате дека навистина не пеете добро. Кому му е грижа?rn
8. Направете мала спонтана авантура
rnЕдноставно излезете од градот и заминете на првото место што ќе ви падне на памет. Избистрете си ја главата, качете се во воз, уживајте во природните пејзажи. Којзнае за што ќе бидете инспирирани.rn
9. Славете
rnДури и ако навидум нема некоја посебна причина, повикајте ги пријателите дома на вечера. Кренете ги чашите и наздравете и за најмалите нешта во животот, зошто кога еден ден ќе погледнете назад, ќе сфатите дека токму малите нешта го прават животот.rn
10. Едноставно седете и слушајте музика
rnЗа миг паузирајте ги сите останати обврски и опуштете се слушајќи ја вашата омилена музика, или музиката која сте ја слушале како тинејџери.rnrn
rn
11. Љубете
rnНајдете време да сакате вистински. Погледнете ги луѓето околу вас, вашите блиски, покажете им дека ви значат и дека ги сакате. Никогаш не ја потценувајте моќта на љубовта.rn
12. Чувајте домашно милениче
rnПосветете дел од вашата љубов, нега и грижа на вашето домашно милениче. Тоа ќе ве смири по напорниот ден и ќе ве научи да не бидете себични.rn
13. Цртајте
rnВо ред, можеби не сте Пикасо, но никој не бара од вас врвни уметнички вештини. Соберете ги најмладите членови во вашето семејство, купете бои и листови и впуштете се во луда авантура!rn
14. Правете интересни видеа
rnСнимајте се себеси, семејството и пријателите. Може дури и да направите краток филм. Можеби нема да изгледа професионално, но ќе ве насмее и ќе ви врати добри спомени кога ќе го гледате по некое време.rn
15. Играјте
rnИграњето го лечи мозокот и телото. Пуштете музика и играјте, мрдајте со главата и рацете, направете своја кореографија. Кому му е грижа ако изгледате малку смешно?rn
16. Запишувајте ги вашите желби
rnТака секогаш ќе имате потсетник за тоа кон што целите и што сакате во животот.rnrn
rn
17. Дишете длабоко
rnНекогаш од толку брзање и преокупираност забораваме да застанеме и неколку пати да земеме воздух. Дишењето длабоко смирува, релаксира и го полни мозокот со кислород.rn
18. Погледнете во огледало
rnПогледнете се себеси во огледало. Колку сте напреднале, колку сте се измениле? Насмевнете му се на огледалото, и една работа е сигурна, и тоа ќе ви се насмее вам.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.