Во модната анкета на еден познат сајт за онлајн шопинг учесниците требало да одговорат на прашањето кои се, според нивното мислење, најголемите грешки кои жените ги прават во облекувањето. Во продолжение погледнете ги резултатите кои би можеле да ве изненадат.rnrn
rn
1. Премногу животински парчиња
rnПогрешното комбинирање на парчињата облека со животински принтови е непростлива грешка за испитаниците. Иако ваквите трендови се популарни веќе неколку години, некои од дамите очигледно малку претеруваат со нивната желба да го разбудат „животинското“ во себе.rnrn
rn
2. Претесна облека
rnОд пантолони до здолништа, преку маички до фустани – кројките кои не му ласкаат на телото туку непримерно го стискаат, не се популарни. Испитаниците сметаат дека облините и фигурата на телото можат да бидат нагласени и во удобна облека.rnrn
rn
3. Тексас на тексас
rnОвој материјал во последните неколку сезони ужива голема популарност. Со пантолоните направени од тексас се носат и вакви кошули, а самиот материјал се појавува и како додаток на преостанатите елементи од изгледот. Исто како и во случајот со животинските принтови, претерувањето со тексасот, анкетираните личности го доживуваат како моден прекршок.rnrn
rn
4. Вечерна облека во текот на денот
rnИспитаниците не се поборници за гламурозни дневни комбинации и сметаат дека вечерната облека припаѓа во вечерните часови од денот.rnrn
