Истражувањата покажале дека најчесто жените не се венчаат за мажите со кои имале најдобар секс, туку за тоа биле пресудни други фактори. Најмногу се обрнувало внимание на верноста, поврзаноста кон семејството и способноста на мажот да биде добар татко. Кога свесно го прават овој избор, жените изјавиле дека воопшто не им е криво и повторно би одбрале исто. Но понекогаш им недостигал возбудливиот и страстен секс кој го имале во некоја претходна врска.rnrn
rnrnРечиси половина од жените во едно истражување изјавиле дека имале подобар секс со поранешен партнер, а не со сегашниот. Исто така изјавиле дека биле отворени за експериментирање и промени во рутината.rnrnЗа разлика од жените, помалку од половина од мажите сметале дека имале подобар секс со поранешна партнерка. Поголемиот број од испитаниците биле сосема задоволни со партнерката и не им недостигало ништо од претходните врски.rnrnИ двата пола се сложиле дека со годините сексот станува подобар, а помалку од 10% изјавиле дека најдобриот секс им бил со првиот партнер. Само 4% од жените и 3% од мажите изјавиле дека најдобриот секс им бил за една вечер, а сите се сложуваат дека за добар секс се потребни љубов и страст. Значи, најголем процент од испитаниците сметаат дека сексот за една вечер не може да се спореди со водењето љубов со партнерот.rnrnВоглавно, според сите резултати излегло дека околу 60% од жените и 70% од мажите сметаат дека сексот со сегашниот партнер им е најдобар.rnrnКога станува збор за отвореноста и желбата за експериментирање, мажите биле порасположени за разни игри, односно 30% од нив. Овде спаѓаат и мажите кои признале дека сексот кој се разликувал од сè претходно им бил најдобар, само затоа што пробале нешто ново и ги поместиле границите.rnrnСе покажало дека доброто сексуално искуство нема улога во изборот на брачен партнер, барем кога станува збор за жените. На мажите сепак им е важен добриот секс во бракот, а и двата пола сметаат дека секогаш постои можност да се подобри квалитетот на сексот. Довербата и желбата за зацврстување на односот се зголемуваат со текот на времето, па партнерите се поопуштени еден со друг и ги споделуваат нивните тајни и желби.rnrnЗначи, добриот секс не е причина да стапите во брак, но е важен дел од врската. Доколку на почетокот не сте биле задоволни, истражувањето покажало дека со годините сепак ќе се подобрите и двајцата.rnrnЗнаевте ли дека спиењето голи може да ви го спаси бракот или врската?
Најдобриот секс не е пресуден за изборот на брачен партнер
