Можеби ви звучи чудно, но понекогаш е многу потешко да се воочи тенденцијата кон неверство во себе отколку кај друга личност. Голем дел од луѓето не се познаваат себеси доволно добро во оваа област или несвесно одбиваат да обрнат внимание на себе, велејќи си дека тоа никогаш не би го сториле, но кога ќе дојде моментот тие едноставно се препуштаат на ситуацијата и го изневеруваат своето момче. Доколку сакате да го спречите тоа, обидете се да откриете дали ги поседувате следниве знаци кои укажуваат на тенденција кон неверство…rnrn
rn
Дружење со бившиот
rnТој ништо не ви значи и вие навистина сте само пријатели и токму тоа го кажувате на сите кои ќе ве прашаат зошто периодов поминувате толку време со вашиот бивш. Но, вие не само што им ги кажувате овие нешта на вашите пријатели, туку истото се обидувате и да си го докажете на себе. Токму затоа наместо да се лажете себеси и да се доведете во ситуација од која потоа нема излез, прво обидете се да се запрашате зошто одеднаш имате толку голема потреба од бившиот во вашиот живот. Можеби ќе откриете нешто за вашата сегашна врска, за вашиот моментален партнер или пак, за самите за вас.rn
Незадоволство во врската
rnСекоја врска има свои подеми и падови, но ако во моментот чувствувате дека вашата врска е во фаза на пад, тогаш би требало да бидете внимателни, бидејќи истражувањата покажуваат дека во овие моменти се случуваат најголем процент од неверствата. Дури и да верувате дека вие никогаш не би го сториле тоа, моментот може да ве понесе и потоа да се каете за направената штета. Токму затоа обидете се прво да ги решите проблемите во вашата врска, или пак, ако верувате дека тие се нерешливи, подобро раскинете со вашето момче и потоа видете се со оној кој го привлекол вашето внимание отколку да го правите тоа зад неговиот грб.rn
Криење на врската
rnОва е прв знак дека нешто не е во ред. Дури и ако не сте нагласиле дека немате момче, самиот факт што сте го премолчиле тоа говори многу. Размислете, од каде настанала потребата да го сокриете ова? Дали станува збор само за невин флерт со момчето кое само што сте го запознале или пак, можеби потајно, размислувате да направите нешто повеќе? Токму одговорот на ова прашање нè води и до следната точка…rn
Возбуда поради флерт
rnСекој човек во одреден момент сака да чувствува дека е посакуван, но доколку едвај ја чекате следната можност да флертувате со некој, тогаш време е да се запрашате што се случува со вниманието кое (не) го добивате во вашата врска. Дали можеби сте се оддалечиле од вашиот партнер или пак, едноставно тој со тек на време престанал да ве привлекува? Дали дошло време кога се забавувате само доколку вашиот партнер не е во вашата близина? Или пак, можеби станува збор за нешто сосема друго? Без разлика на ситуацијата, внимавајте, бидејќи секогаш постои опасност желбата за флерт да се претвори во желба за нешто повеќе.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn